Промовирани огласи »

Од денеска официјално стапува на сила укинувањето на роамингот за сите корисници на мобилни телефони во земјите на ЕУ. За жал, тоа не се однесува за македонските корисници, како и за останатите држави на Балканот, кои и понатаму ќе плаќаат поскапи сметки кога се во странство.

По цели 8 години, Европската комисија со телефонските оператори за укинување на роаминг трошокот (трошок што се плаќа кога сте во странство и го користите мобилниот телефон за повици и интернет), успеа да направи промена. Сепак, ЕК може да се пофали дека ја добила најголемата битка, но не и целата војна.

Со укинувањето на роамингот, Европјани ќе можат да ги користат мобилните телефони како да се дома, но со одредени лимити.

Преговори на ЕК со телефонските оператори траеја долго. Сепак, дури 36 европски оператори одлучија да не ги послушаат советите на ЕК и ќе продолжат да го наплаќаат роамингот. Кај нив цената на роамингот е сведена на минимум и најавуваат дека мерката ќе биде само привремена и дека наскоро и тие ќе им се придружат на оние кои го укинуваат роамингот.

“Операторите имаа две години за да се подготват за крај на роамингот и се надеваме дека ќе ја искористат оваа шанса со примена на новите правила за да ги задоволат нивните корисници”, изјавија вчера во заедничко соопштение претседателите на Европскиот парламент Антонио Тајани, на ЕК Жан-Клон Јункер и претседавачот со ЕУ премиерот на Малта Џозеф Мускат.

Европскиот парламент најавува дека борбата со операторите ќе продолжи, а крајната цел е целосно и тотално укинување на роамингот и на трошоците за меѓународни повици во целата ЕУ.

Промовирани огласи »

Агенцијата за вработување на Република Македонија денеска во Скопје организира саем за вработување на кој невработените лица ќе имаат можност да се информираат за слободните работни места на пазарот на труд.

На саемот ќе бидат презентирани и компаниите кои нудат слободни работни места и условите што треба да ги исполнат невработените лица за да бидат вработени.

Вакви саеми досега се одржаа во неколку поголеми градови низ државата.

Промовирани огласи »

Дали сте слушнале дека Македонија има млад нобеловец? Тоа е 20-годишниот Игор Томески од Тетово.

Томески студира филмска и театарска глума и режија во Њујорк. Наградата се доделува од 2002 година. Томески  е засега единствениот  Македонец и втор од целиот регион, што ја добил Нобеловата награда за млади во износ од илјада долари.

Почесното здружение е основано од Кјелс Нобел, внукот на Алфред Нобел – основачот на Нобеловите награди, а негов претседател е Џејмс Левис, co седиште во Атланта, Џорџија.

Како што се наведува во образложението , Македонецот Игор Томески е  двократен добитник на Нобеловата награда за драма, лидерство и визија за  2015 и 2016, за неговото дејствување во областа на филмот и театарот.

По завршување на средното американско училиште во Тетово, добил покана од Клеjс Нобел, внук на Алфред Нобел за прием во Нобеловото здружение за најдобри светски матуранти, основано во 2002-та година.

Станува збор за организација која е основана од истото семејство кое ги спонзорира и стандардните Нобелови награди и кое потпомага млади личности кои имаат направено исклучителни работи во текот на нивното детство.

Тимот на KARIERA.mk му посакува безброј успеси во понатамошното работење и творење !

Промовирани огласи »

Првиот приватен весник во Македонија, денеска за последен пат се најде на трафиките. Згаснуваат и порталите на „Вест“ и на „Утрински Весник“ , дел од групацијата МПМ, кои престанаа да се печатат во април. Стотина новинари и медиумски работници се на улица и со неисплатени плати

Од утре весникот веќе не излегува. Вие сте на одмор, до крајот на месецот ќе се ликвидира фирмата. Заостанатите плати ќе ви бидат исплатени. Ова пред неколку часа менаџментот им го соопштил на вработените во „Дневник“, весникот кој се издава од март, 1996-та година. Вработените останале затекнати и си заминале дома.

Турбуленциите и проблемите во најголемата медиумска групација МПМ под чија капа беа весниците „Дневник“, „Вест“ и „Утрински Весник“, неделникот „Теа Модерна“ и порталот „Телеграф“, почнаа пред речиси една година. Новинарите неколку пати излегоа на штрајк.

Кон крајот на април, престанаа да се печатат „Вест“ и „Утрински Весник“ кои продолжија да функционираат како портали со по неколку вработени.

Против поранешните сопственици Керим и Јана Станисављева, Синдикатот на новинари и медиумски работници (ССНМ) поднесе кривична пријава до Јавното обвинителство за злоупотреба на службената положба и овластување со образложение дека го намалувале имотот на правното лице со незаконски дејства, а со цел да згаснат дневните и неделни списанија.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »