Промовирани огласи »

Wizz Air, најбрзо растечката и најодржлива авиокомпанија во Европа*, го објави својот зимски распоред за 2022 година (октомври 2022 - март 2023 година). Авиокомпанијата нуди огромен избор на достапни дестинации со ниски цени за најатрактивните земји и градови низ Европа. Достапни се 810 линии од 1.100 рути на Wizz Air со над 120.000 летови и речиси 26 милиони седишта.Билетите веќе можат да се резервираат онлајн на wizzair.com и преку мобилната апликација.

Како што индустријата се враќа во нормала како пред пандемијата, Wizz Air продолжува да ги проширува операциите низ својата мрежа, со рути кои ќе ги одведат патниците низ цела Европа во зимата 2022-2023 година. За семејни одмори, дестинации на плажа, одмори во градот или само да ги посетите пријателите и семејството во странство, мрежата на Wizz Air од Северна Македонија нуди безброј можности.

Покрај можноста за приспособување на патничкото искуство, Wizz Air на патниците им нуди и висока флексибилност преку услугата WIZZ Flex. Со додавање на нивната резервација, патниците имаат дополнителна заштита и можат да одберат да патуваат на друг датум или до друга дестинација, како и можност да го откажат својот лет до 3 часа пред тргнувањето без никаков надомест и да добијат 100% од оригиналната цена веднаш вратена во кредит на авиокомпанијата.

Zsuzsa Trubek, менаџер за корпоративни комуникации во Wizz Air, рече: „Среќни сме што можеме да го објавиме новиот распоред за зима2022-2023 година, нудејќи разновидни дестинации за патување за сите вкусови, било да е тоа за деловни или рекреативни цели. Од градски одмори во највозбудливите урбани центри во Европа до семејни одмори во текот на зимската сезона, Wizz Air сигурно нуди достапна врска до најпопуларните дестинации. Остануваме посветени да им понудиме на Македонците безбедно и незаборавно искуство за патување низ Европа и пошироко во нашата модерна флота во друштво на нашиот висококвалификуван екипаж “.

За Wizz Air   

Wizz Air, најбрзорастечката ниско-буџетна авиокомпанија вo Европа, управува со флота од 150 Airbus A320 и Airbus A321 авиони. Во Wizz Air, тим од авијациски професионалци нудат извонредна услуга и ниска цена на билетите и го прават Wizz Air подобриот избор за над 10.2  милиони патници во финансиската година која завршува на  31 Март 2021. Wizz Air котира на Лондонската берза под тикер: WIZZ. Компанијата неодамна беше именувана за една од десетте најбезбедни авиокомпании во светот од страна на airlineratings.com, единствена светска агенција за рејтинг на безбедност и производи, а неодамна беше именувана за „Европска авиокомпанија на годината – 2020“ од страна на ATW, најпосакуваната чест што може да ја добие една авиокомпанија или индивидуа, и најодржлива компанија во авионската индустрија во 2021 година од страна на World Finance Magazine.

*Базирано на Sustainalytics Rating

За повеќе информации:

Zsuzsa Trubek; Wizz Air Group; [email protected]

Follow us on Instagram: @wizzair

Follow us on Facebook: @wizzair

Follow us on Twitter: @wizzair

Промовирани огласи »

Денеска, на 5.897 вработени во МВР, кои оствариле над 150 часови прекувремена работа во текот на 2021 година, ќе им биде исплатена бонус платата во поединечен нето износ од 28.718 денари (463 евра), информираше преку својот Фејсбук, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

За оваа намена од Буџетот на МВР се издвоени 188.167.373 денари, напоменува министерот додавајќи дека средствата се обезбедени со домаќинско и планско работење.

Досега, вклучувајќи ја и бонус платата за 2021 година, исплативме пет бонус плати со вкупна вредност од 561.773.133 денари односно 9.060.857 евра.Ова раководство на МВР е решено континуирано да го унапредува статусот на полициските службеници и вработените во МВР, како преку драстичното и сеопфатно материјално-техничко и инфраструктурно подобрување на условите за работа, така и со спроведувањето на гарантираните права на сите вработени, секогаш имајќи го предвид фактот дека само задоволна полиција претставува ефикасен сервис на граѓаните, работи со полн капацитет и легитимитет и испорачува резултати во активностите за справување со криминалот, напиша Спасовски.

Промовирани огласи »

Претставничката на Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ) во земјава, Патриција Ди Џовани во вчерашно обраќање истакна дека се наоѓаме во непредвидлива состојба со пан*емијата и оти треба да се почитуваат мерките.

Треба да имаме предвид во која фаза од пан*емијата сме, односно каков е нејзиниот тек. Комисијата за заразни болести заседава, издава свои препораки, меѓутоа не значи дека сите мерки треба да бидат унифицирани за целата територија, бидејќи, како што кажавме ние од УНИЦЕФ, заедницата треба да се грижи за заедницата. Доколку во одредена заедница немаме позитивни случаи тој случај би можело да се намалат мерките, односно да нема потреба да се носат маски итн., меѓутоа доколку има случаи треба да се придржуваме до мерките. Треба да имаме доверба во работата на Комисијата, нагласи Ди Џовани.

Во однос на намалување на мерките, Главниот координативен кризен штаб за справување со болеста на крајот од минатата недела ги прифати препораките од Комисијата за заразни болести за укинување на обврската за носење маски во основните училишта, препорака за физичко присуство на наставата на факултетите, со силен апел за вакцинација и на студентите и на образовниот кадар, максимална исполнетост на капацитетите во затворен простор од досегашните 50 проценти да се зголеми на 75 проценти, но и да се укине протоколот за угостителски објекти со кои се бара сертификат за имунизација за отворените простори на локалите, додека за затворените делови останува обврската за задолжително поседување сертификат.

Предлозите се доставени до Владата и се очекува во текот на оваа недела да бидат изгласани и усвоени на владината седница.

Промовирани огласи »

Утре 30 март ќе се одржи предупредувачки протест кој го организира Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) а кој го поддржа и Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК. Ако не им се исполнат барањата од 11 април ќе има генерален штрајк а во деновите кога ќе се штрајкува, вработените во училиштата и во градинките ќе бидат на своите работни места, но нема да згрижуваат деца и нема да има воспитно-образовен процес. Јаким Неделков претседателот на овој синдикат изјави дека во случај на штрајк вработените ќе бидат на работните места, односно ќе бидат во заедничка просторија во која ќе седат до крајот на работното време.

Инаку овие синдикати бараат усогласување на платите врз основа на зголемување на минималната плата на национално ниво, како и почитување на Законот за минимална плата и колективните договори. КСС е поддржан и од повеќе други синдикати, односно од околу 30.000 работници.

Според објавеното СОНК е убеден дека нивниот организиран протест ќе биде успешен и дека нивните оправдани барања ќе бидат сериозно сфатени. Сепак, сметаме дека по пат на социјален дијалог ќе се изнајдат взаемно прифатливи решенија за гранските синдикати при КСС и Ве уверуваме дека СОНК и во иднина ќе им ја дава целосната поддршка за сите чекори што би ги преземале. Ви посакуваме успех во Вашата мисија, со надеж за остварување на истата, секако со нашето присуство на протестот кој ќе се одржи на 30.03.2022 година во 15:30 часот пред Собранието на Република Македонија, соопштија од КСС, објавувајќи го писмото на СОНК.

Инаку преговорите за поголеми плати во образованието пропднаа минатата недела.

СОНК бара минималната плата во државата да биде основица за пресметка на плата по коефициент на сложеност. Според таа пресметка, нето-плата на наставник би требало да биде 43.000 или 44.000 денари.

Вицепремиерот Фатмири Битиќи вели дека е зачудувачки што се најавуваат штрајкови, кога пред само месец и половина се договориле за растот на минималната плата. 

Ние се договориме дека дијалогот ќе продолжи во сите ресорни министерства и никој не кажа дека не сака да преговара рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во емисијата 24 анализа на ТВ24 по повод најавите за штрајк за усогласувањето на минималната плата.

Тој повика сите да се придржуваат до договореното и додаде дека не е можно усогласување на сите плати во јавниот сектор за еден ден.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »