Промовирани огласи »

Државниот завод за статистика.ги објави резултатите од националниот попис во 2021.

Во Македонија живеат 1.073.299 Македонци или 58,44 проценти, 446.245 Албанци или 24,3 отсто, 70.961 Турци (3,86%), 46.433 Роми (2,53%), 23.847 Срби (1,30 %), 16.042 Бошњаци (0,87), 8.714 Власи (0,47) и 18.912 останати (1,03) како резидентно население. 132.260-мина не се попишале, а тоа се 7,2 отсто граѓани.

Заедно со дијаспората како вкупно население се попишале 1.137.030 Македонци (54,21%), 619.187 Албанци (29,52%), 83.443 Турци (3,98), 49,104 Роми (2,34), 24.759 Срби (1,18), 18.163 Бошњаци (0,87), 9.208 Власи (0,44), 24.165 останати (1,16).

Во дијаспората се попишале речиси три пати повеќе Албанци од Македонци. 63.731 биле Македонци, а 172.942 биле Албанци.

Во Скопје има 309.107 Македонци, а 120.293 се попишале како Албанци. 44.175-мина не се попишале.

Промовирани огласи »

Webhelp North Macedonia е телекомуникациска компанија која работи со гигантски брендови на глобално ниво, нудејќи најдобро место за работа за сите германски говорители. Во видеото подолу погледнете како изгледа работната атмосфера и дали ова е одлична шанса, токму Webhelp да биде твоето ново работно место. За да аплицирате за отворените работни места погледнете ги детали ТУКА.

Сите млади кои го зборуваат германскиот јазик, ќе ја имаат уникатната шанса да научат и брзо да напредуваат во нивната кариерата и тоа преку работа со меѓународни брендови и како дел од високо професионален тим.

Промовирани огласи »

Килограм свинско месо во Италија поскапе од осум на 12 евра, тегла џем од малини во Норвешка над 1000 денари!

Зголемувањето на цените на храната во Европа како резултат на санкциите на ЕУ и САД против Русија поради војната во Украина ќе продолжи уште најмалку една година, предвидуваат европските експерти .

Цените на месото, млекото, тестенините, брашното и шеќерот во европските земји во просек пораснале од осум до 10 отсто, па експертите предвидуваат дека во наредната година сè ќе поскапи барем за уште 100 отсто, значи двојно повеќе од денес!

Во понеделникот свинското месо во Италија поскапе од осум на 12 евра за килограм, што е поскапо. Во Чешка лебот е веќе шест пати поскап од кај нас и чини 150 денари, а тегла џем од 380 грама во Норвешка се продава за 17 евра .

Нови цени 

Уште пред бранот поскапувања поради пандемијата на коронавирус да стигне до потрошувачите, во Украина избувна војна, која дополнително го поттикна поскапувањето. Зголемувањето на цените доаѓа во бранови. Тоа најдобро го видовме во цената на горивото. Следното поголемо поскапување ќе биде во следните три-четири недели, а поскапувањето може да трае најмалку една година, само некаде во пролетта 2023 година би можело да дојде до одредена стабилизација - вели угледниот австриски економист Волфганг Шнелбехер.

Според Шнелбехер, во хемиската и машинската индустрија порастот за еден месец бил на ниво на цела минатата година.

Цената на намирниците е зголемена за цели 11 отсто, а до потрошувачите досега стигнале само пет отсто. Поскапувањето на средствата за хигиена достигна осум отсто, а само два отсто стигнаа до клиентите - додаде австрискиот експерт.

Според него, тоталниот бојкот на увозот на енергенси од Русија, кој се почесто се најавува, би имал несогледливи негативни последици.

Досега никој не пресметал што навистина би значело целосно прекинување на снабдувањето со гас за синџирот на снабдување и производство во Европа. Тоа би било катаклизма - предупредува Шнелбехер.

Празни продавници

Последниве денови од Германија пристигнуваат слики од сè повеќе уништени продавници. Србинот Ненад Радичевиќ, кој работи во оваа земја, вели дека сончогледовото масло е речиси невозможно да се најде, а понекогаш нема ниту брашно, па дури и тестенини.

Маслото речиси целосно исчезна од полиците. Луѓето брзаа да складираат залихи и тоа доведе до недостиг. Сончогледово масло го нема никаде веќе десетина дена. Стигнува понекогаш, но практично веднаш исчезнува - изјави тој.

Во Италија камионџиите не превезуваат стока една недела бидејќи, како што истакна новинарката Маринела Ражнатовиќ, веќе не се исплати - трошоците се поголеми од платата.

Последниве недели чери доматите скокнаа од две на четири евра за килограм, а свинското месо од осум на 12 евра. Најмногу поскапеа енергенсите, струјата и гасот уриваат историски рекорди. Италија во последните месеци имаше две големи поскапувања на енергенсите, што е кумулативно зголемување од околу 100 проценти. Дека несомнено ќе биде многу потешко, покажуваат новите вести, бидејќи превозот е ужасно поскап, буквално секој ден – истакна таа.

Промовирани огласи »

Владата денеска ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести, дадена пред речиси две недели. А тоа значи дека почнувајќи од утре, учениците во основните чилишта не е задолжително да носат маски.

Главниот координативен кризен штаб за справување со коронавирусот на крајот од минатата недела ги прифати препораките од Комисијата за заразни болести за укинување на обврската за носење маски во основните училишта, како и препорака за физичко присуство на наставата на факултетите.

Тие прифатија и укинување на сертификатите на терасите од кафулињата, што значи дека од утре на невакцинираните лица нема да им се бара сертификат на отворено.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »