Промовирани огласи »

На листата со 128 најиновативни земји, според истражувањето на Обединетите нации, Македонија се наоѓа на 61-то место.

Годишниот извештај на организацијата ОН за интелектуална сопственост за 2017 година покажува дека брзорастечките економии напредуваат на листата на која доминираат богатите западни земји со Швајцарија на врвот.

Македонија на оваа листа се најде на 61-то место, а од земјите од регионот Словенија се наоѓа на 32-то место, Хрватска на 41-то, Унгарија на 39-то, Србија на 62-то и БиХ на 86-то место.

Швајцарија од 2011 година па се до денес ја предводи „петорката“ во која се Шведска, Холандија, САД и Велика Британија.

Од шестото до десеттото место на листата се подредени земјите: Данска, Сингапур, Финска, Германија и Ирска.

Обединетите Арапски Емирати, Виетнам и Кувајт се некои од земјите кои најмногу напредувале во однос на 2016 година, се вели во извештајот на ОН.

Индексот на иновативност се пресметува врз основа на 81 индикатор и ја покажува конкурентноста на земјите.

Кина во однос на 2016 година е подобра за три места, а Индија за шест места напредувала на листата која го зема во предвид политичкото опкружување, образованието, инфраструктурата и деловната клима.

Оваа година се воведени и нови фактори, иновации во земјоделството и во системот за производство на храна, пренесуваат агенциите.

Промовирани огласи »

16.06.2017, (Скопје) Мала Италија патува е одраз на успехот кој го постигна Мала Италија со претходните концерти, и успешната соработка и кохезија помеѓу гласовите на Павле Камилоски и Христо Арсовски. Оваа година, за разлика од претходно, настанот ќе биде под отворено небо на плоштад Мајка Тереза на 20ти Јуни во 20.00 часот и се вика Мала Италија патува затоа што ќе се претстават шпанската, италијанската и француската култура преку најпознатите канцони, шансони и шпански песни.

Павле Камилоски го организира настанот Мала Италија патува со цел да ја сподели својата љубов кон музиката со публиката и да одаде почит кон Медитеранската култура, музика и сознанието за истата. Се очекува за време на настанот да се создаде совршена синергија на шпанската, италијанската и француската култура која ќе резултира со совршено културно исполнување. Според Павле музиката отсекогаш била дел од него и секогаш стоела на прагот подготвена да го запознае светот со исклучителните емоции кои ги носи со себе. Настанот Мала Италија патува има одредена доза на специфичност затоа што музиката ќе биде споделена од чувствата на индивидуалци а со себе ќе ја носи енергијата на цели култури.

Атмосферата ќе ја исполнат прекрасните гласови и способности на Павле Камилоски како баритон, Христо Арсовски како драмски тенор, Горан Начевски како баритон, заедно со Бисера Чадловска како диригент и камерен оркестар. Овој спој на изведувачи и музичари во синергија на три различни култури и видови на музика се очекува да ги поттикне сите присутни и да не остави никој рамнодушен.

Промовирани огласи »

Последниве две години граѓаните на Ресен и Преспа кои поседуваат овоштарници со јаболка, мака мачат да најдат добри работници за берба на јаболка.

Интересот е слаб, и затоа се мобилизираат преку познаници, пријатели, преку работници кои веќе ги ангажирале да најдат доволно луѓе за работа. Ова го потврдува и Фросина Ѓоргиевска која во преспанско на повеќе локации има 3 хектари со јаболка.

Потребни се млади луѓе, но може и сите оние кои се на возраст од 35 до 55, па и 60 години ако се работоспособни, затоа што освен што јаболката се берат, потребно е и да се товараат. Не е важно дали се мажи или жени, важно е да работат. Интересот е слаб, работници доволно нема, а оние кои се од Преспа имаат свои овоштарници и самите мора да работат. Порано доаѓаа работници од Мала Преспа од Албанија, но сега ги нема – објаснува таа.

Додава дека бербата е во септември,  а недела дена пред да почнат со бербата се ангажираат за пронаоѓање на работници. Оваа година Ѓоргиевска очекува дека до 10 јули ќе знаат каков ќе биде родот, а со тоа ќе имаат в предвид колку работници ќе им бидат потребни.

Лани родот беше слаб поради лошите временски услови, а и оваа година може да се случи истото. Има производители кои бараат по 10 или 12 работници.  Ние ќе видиме колкав род ќе има , дали ќе ни бидат потребни работници, или сами ќе можеме да ја завршиме работата. Бербата може да трае од 15 па се до 60 дена, зависно од родот. Дневниците се 1000 денари, со ручек, а доколку се обезбеди и сместување за работникот тогаш цената се намалува и се движи од 600 до 800 денари – вели таа.

Ова е шанса за работа за сите граѓани кои сакаат да се вклучат во бербата на јаболка и солидно да заработат. 

Извор - Фактор.мк

Промовирани огласи »

Проектот е финансиран од Европската унија со два милиони евра од ИПА фондот во рамки на Оперативната програма за развој на човечките ресурси 2007-2016.

Завршна конференција за проектот „Поддршка за вработување на младите, долгорочно невработените и жените“ ќе се одржи денеска на Скопскиот саем.

Проектот е финансиран од Европската унија со два милиони евра од ИПА фондот во рамки на Оперативната програма за развој на човечките ресурси 2007-2016.

Целта на проектот беше да се интегрираат младите, долгорочно невработените и жените на пазарот на труд, односно да се зголеми нивната вработливост преку подобрување на знаењето и вештините.

Се проценува дека 4.500 невработени луѓе имале придобивки од проектните активности, меѓу кои стажирање, обуки за вештини потребни на пазарот на трудот,…

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »