Промовирани огласи »

Последниве две години граѓаните на Ресен и Преспа кои поседуваат овоштарници со јаболка, мака мачат да најдат добри работници за берба на јаболка.

Интересот е слаб, и затоа се мобилизираат преку познаници, пријатели, преку работници кои веќе ги ангажирале да најдат доволно луѓе за работа. Ова го потврдува и Фросина Ѓоргиевска која во преспанско на повеќе локации има 3 хектари со јаболка.

Потребни се млади луѓе, но може и сите оние кои се на возраст од 35 до 55, па и 60 години ако се работоспособни, затоа што освен што јаболката се берат, потребно е и да се товараат. Не е важно дали се мажи или жени, важно е да работат. Интересот е слаб, работници доволно нема, а оние кои се од Преспа имаат свои овоштарници и самите мора да работат. Порано доаѓаа работници од Мала Преспа од Албанија, но сега ги нема – објаснува таа.

Додава дека бербата е во септември,  а недела дена пред да почнат со бербата се ангажираат за пронаоѓање на работници. Оваа година Ѓоргиевска очекува дека до 10 јули ќе знаат каков ќе биде родот, а со тоа ќе имаат в предвид колку работници ќе им бидат потребни.

Лани родот беше слаб поради лошите временски услови, а и оваа година може да се случи истото. Има производители кои бараат по 10 или 12 работници.  Ние ќе видиме колкав род ќе има , дали ќе ни бидат потребни работници, или сами ќе можеме да ја завршиме работата. Бербата може да трае од 15 па се до 60 дена, зависно од родот. Дневниците се 1000 денари, со ручек, а доколку се обезбеди и сместување за работникот тогаш цената се намалува и се движи од 600 до 800 денари – вели таа.

Ова е шанса за работа за сите граѓани кои сакаат да се вклучат во бербата на јаболка и солидно да заработат. 

Извор - Фактор.мк

Промовирани огласи »

Проектот е финансиран од Европската унија со два милиони евра од ИПА фондот во рамки на Оперативната програма за развој на човечките ресурси 2007-2016.

Завршна конференција за проектот „Поддршка за вработување на младите, долгорочно невработените и жените“ ќе се одржи денеска на Скопскиот саем.

Проектот е финансиран од Европската унија со два милиони евра од ИПА фондот во рамки на Оперативната програма за развој на човечките ресурси 2007-2016.

Целта на проектот беше да се интегрираат младите, долгорочно невработените и жените на пазарот на труд, односно да се зголеми нивната вработливост преку подобрување на знаењето и вештините.

Се проценува дека 4.500 невработени луѓе имале придобивки од проектните активности, меѓу кои стажирање, обуки за вештини потребни на пазарот на трудот,…

Промовирани огласи »

Во ТИРЗ Струмица денеска беше официјално пуштена во употреба фабриката за производство на навлаки за автомобилски седишта „Адиент“. Инвестицијата е 20 милиони американски долари и ќе вработи над 1.300 лица.

На отворањето на овој прв објект во зоната присуствуваа премиерот Зоран Заев, американскиот амбасадор Џес Бејли, директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Виктор Мизо и Владимир Тефлик, потпретседател на операции на „Адиент“.

Претседателот на Владата Зоран Заев истакна дека како Влада посветена на евроатлантските интеграции ги отвора можностите и за бизнисот.


Отворањето на „Адиент“ почна пред доаѓањето на новата Влада. И тогаш како градоначалник на Општина Струмица дадов силна поддршка, а и денеска го поздравувам отворањето на фабриката кое носи и нови работни места. Сакам да испратиме порака и дека ќе одиме чекор понатаму „Адиент“ да остане тука и да продолжи да се развива, рече Заев.

Додаде дека како реформска Влада ќе овозможат еднакви услови за развој на бизнисот.

Преку реформскиот процес зад кој цврсто застаневме како Влада, ќе ги отвориме евроатланстките интеграции, насочени сме кон доследна примена на законските и правните регулативи со еднакви шанси за сите и политики на нула корупција. Тоа ќе има двоен ефект, исполнувањето на условите за ЕУ и НАТО ќе ја постави Македонија меѓу стабилните држави и ќе биде охрабрување на странските компании да вложуваат. Но, ќе биде охрабрување и за домашните фирми, затоа што најавивме дека Владата ќе насочи голема државна помош и кон домашните фирми. Тоа ќе стимулира квалитет, конструктувна конкуренција, подобра грижа за вработените и повисоки плати, рече Заев.

Претседателот нa Владата, посочи дека ќе создаваат општество отворено за сите.

Нашите залагања се како држава да обезбедиме вистински развој на бизнис секторот, зошто тој е посакуваниот развој. Ако добро работат компаниите и фирмите, ќе има повисоки плати, нови работни места, економска стабилност. Македонија има природни потенцијали, вредни работници и потребна е политичка добра волја да се работи за сите граѓани на Македонија. Ќе се грижиме за секој работник, фирма и нема да има привилегии. Во услови на правна и праведна држава, новата Влада ќе го реализира ветеното-општество за отворени можности, на граѓаните за својата егзистенција, на фирмите за развојот, на перспективите на Македонија за секој кој живее и работи тука, рече Заев.

Американскиот амбасадор Џес Бејли, рече дека отворањето на погонот е инвестиција за иднината.

Првата инвестиција во Македонија на тогаш „Џонсон Контрол“ ја донесе претходна Влада, а отворена од друга Влада. Ова не го споменувам како некаков историски факт, туку како показател дека успехот на Македонија бара сите да работат заедно. Инвестицијата е за иднината, претставува израз на доверба на земјата во нејзиниот развој и успех. Отворањето на овој погон покажува дека Македонија и луѓето заеднички соработуваат и работат на привлекување нови инвестиции, но и поддршка на локалните бизниси, рече Бејли.

Раскажувајќи ја приказната за успехот на компанијата, Бејли посочи дека тоа покажува дека треба да се оди напред, да креираме нова иднина за луѓето, да креираме нови работни места за вашите талентирани луѓе и да покажеме дека Македонија е посветена да продолжи да чекори на патот кон ЕУ со се што тоа вклучува, а САД се верен пријател и сопатник во тој процес за попросперитетна иднина.

Со денешното отворање на фабриката на „Адиент“ заживува технолошко-индустриската развојна зона Свидовица во Струмица која располага на 25 хектари.

Компаниите кои работат во зоните бележат раст. Така до крајот на минатата година имавме 7.100 вработени, до сега 9 илјади, а очекуваме до крајот на 2017 да има над 10 илјади вработени. Во мај имавме рекорден извоз од зоните од 190 милиони евра. Ако продолжи овој тренд на зголемување од 15 проценти, до крајот на годината очекуваме извозот од зоните да учествува со 2 милијарди евра во вкупниот извоз на Република Македонија, рече Мизо.

Според Мизо, компанијата „Адиент“ во Струмица освен сегашните скоро 13 илајди квадрратни метри имала закупено 38.500 квадратни метри.

-Зоната во Струмица сега се приклучува кон функционалните технолошко-индустриски развојни зони, двете во Скопје, во Штип, во Тетово, Прилеп, Кичево и Струга. Освен овие 13 илјади квадратни метри, „Адиент“ има закупено 38.500 квадратни метри и постои можност за проширување на компанијата. Во неа веќе се вработени 820 лица, а до крајот на годината уште најмалку 400, рече Мизо, додавајќи дека градежните работи за надворешната и внатрешната инфраструктура на зоната со изведувачот „Жикол“ ќе бидат завршени во септември 2017.

Мизо изрази благодарност до Министерството за транспорт и врски, Министерството за животна средина, Катастарот на РМ, Царинската управа, Министерството за внатрешни работи, на тимот на Дирекцијата на ТИРЗ и на членовите на претходната Влада кои, како што рече, макотрпно работеле на проектот.

Овие активности со компанијата „Адиент“ која беше „Џонсон контрол“, за оваа дивизија, траат шест години, тука беше вклучена и претходната Влада, да им изразам благодарност на Никола Груевски, на Зоран Ставрески, Владимир Пешевски. Сигурен сум дека од страна на новата Влада ќе се најде поддршка не само за привлекување нови инвестиции, туку и создавање услови тие да бидат задоволни и да го прошируваат бизнисот, посочи Мизо.

Потпретседателот на операции Теплик, посочи дека станува збор за најголемата и најмодерна фабрика во регионот која се простира на површина од 12.500 квадратни метри, која е опремена со врвна технологија за навлаки за автомобилски седишта, првично наменети за европскиот пазар. „Гринфилд“ инвестицијата изнесува над 20 милиони американски долари, а ќе вработат повеќе од 1.300 лица.

Пед една година ја најавивме изградбата на нашата нова фабрика, а денес стоиме пред неа – една од најголемите и најмодерни фабрики за производство на автомобилски компоненти во регионот. Оваа инвестиција е уште еден јасен доказ за нашите намери да инвстираме во македонската економија и претставува уште еден важен чекор кон проширување на нашата производна мрежа во Европа, што пак, дополнително ќе придонесе кон обезбедување на нашите клиенти, со диференцирани производи базирани на квалитет, технологија и перформанси, рече Теплик.

„Адиент“ има 230 погони во 33 земји од светот со над 75.000 вработени.

Промовирани огласи »

Од денеска официјално стапува на сила укинувањето на роамингот за сите корисници на мобилни телефони во земјите на ЕУ. За жал, тоа не се однесува за македонските корисници, како и за останатите држави на Балканот, кои и понатаму ќе плаќаат поскапи сметки кога се во странство.

По цели 8 години, Европската комисија со телефонските оператори за укинување на роаминг трошокот (трошок што се плаќа кога сте во странство и го користите мобилниот телефон за повици и интернет), успеа да направи промена. Сепак, ЕК може да се пофали дека ја добила најголемата битка, но не и целата војна.

Со укинувањето на роамингот, Европјани ќе можат да ги користат мобилните телефони како да се дома, но со одредени лимити.

Преговори на ЕК со телефонските оператори траеја долго. Сепак, дури 36 европски оператори одлучија да не ги послушаат советите на ЕК и ќе продолжат да го наплаќаат роамингот. Кај нив цената на роамингот е сведена на минимум и најавуваат дека мерката ќе биде само привремена и дека наскоро и тие ќе им се придружат на оние кои го укинуваат роамингот.

“Операторите имаа две години за да се подготват за крај на роамингот и се надеваме дека ќе ја искористат оваа шанса со примена на новите правила за да ги задоволат нивните корисници”, изјавија вчера во заедничко соопштение претседателите на Европскиот парламент Антонио Тајани, на ЕК Жан-Клон Јункер и претседавачот со ЕУ премиерот на Малта Џозеф Мускат.

Европскиот парламент најавува дека борбата со операторите ќе продолжи, а крајната цел е целосно и тотално укинување на роамингот и на трошоците за меѓународни повици во целата ЕУ.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »