Промовирани огласи »

Xavier de Lecaros-Aquise, ко основачот на Girl Meets Dress се присетува дека неговиот прв бизнис план бил целосно не соодетен за таква прекрасна идеја како неговата. Бизнис планот го напишал на word и истиот немал дел за финансиски предвидувања. Подоцна вклучив стручни лица кои ми објснија дека ова е недостаток и видно го изменија планот пренесувајќи го во Excel со дополнителни колони кои ми го олеснија работењето.

Louis Barnett, основачот на Chocolatier раскажува дека неговиот прв бизнис план бил напишан во една тетратка со рецепти. Истиот бил долг само 2 параграфи. Можеби може и да му се прости бидејќи кога ја имал својата прва идеја за бизнис бил само 12 години.

Немав никакво искуство, впрочем бев дете и не знаев како е да се работи до финансии. Токму поради тоа правев многу грешки, всушност кога би можел да сменал нешто од денешна гледна точка, единствено би бил само похрабар, бидејќи кога си млад размислуваш и се плашиш од секој предизвик.. Денес, тоа не ми претставува никаков проблем и веднаш влегувам во акција.

Ретроспектива е прекрасна работа, но за жал нема опција да се променуваат акции од минатото. 

John O'Nolan, основачот на Ghost.org раскажува дека имал 17 години кога го напишал првиот бизнис план и истиот се однесувал на бизнис за размножување на змии. Бизнисот бил осмислен да комбинира различни генетски материјали од кралски питони.

Не потребно е да се каже дека овој план никогаш не успеал бидејќи не бил реалистичен меѓутоа бил обид за сопствен бизнис уште на најмлада возраст.

Sophie Frost, ко-основач на Yucoco Јас бев прилично задоволна со нашиот прва бизнис план. Поминавме многу време во читање, истражување, пресметување, сурфање на интернет и во пишување белешки - па кога завршивме се чувствував навистина задоволна. Сепак мојот прв бизнис план беше на темплејт превземен од интернет 

Промовирани огласи »

Моника од Скопје е млада девојка за чија животна приказна деновиве дозна светската јавност. Нејзината сторија беше споделена на фејсбук страна The Atlas of Beauty која во моментов има повеќе од милион следбеници од целиот свет. 

Таа денес студира право, но сообраќајна незгода која ја доживеала додека била дете е причината денес да е во инвалидска количка. Возач под дејство на алкохол бил причината за сообраќајна несреќа, но тој никогаш не бил осуден или добил било каква казна за ова кривично дело.

Денес, по 15 години Моника сака своето образование и искуство да го посвети на превенирање вакви појави во општество.

Во објавата на фејсбук страна се заклучува дека младите луѓе како Моника може да го направат светот подобро место за живеење, а луѓето од целиот свет преку коментари даваат поддршка за остварување на нејзината животна цел и мисија.

Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Секогаш се запрашувате кои се оние луѓе кои успеале една идеја, да ја претворат во пари? Популарно, овие луѓе се нарекуваат претприемачи или бизнисмени.

Сепак, не станува збор за екстремно интелегентни или богати луѓе, туку имаме впечаток дека било кој упорен и иновативен ум може да прерасне во успешен бизнис човек.

Ова се кратки статистики за тоа кои се всушност претпемачите од светот:

  • Основачи на компании се во средна возраст и со подобро образование.
  • Просечна и средна возраст на основачите во анализираниот примерок кои одлучуваат да започнат сопствен бизнис е 40 години.
  • 95,1% се дипломирани, а 47% имаат повисоки степени на образование.
  • Претприемачите доаѓаат од средна класа или повисока ниска класа и се подобро образовани и попретприемачки расположени од нивните родители.
  • 71,5% доаѓаат од семејства од средна класа, додека 21,8 се изјасниле дека доаѓаат од повисока ниска класа.
  • Помалку од 1% доаѓаат од екстремно богати или екстремно сиромашни средини
  • Повеќето претприемачи се во брак и имаат деца
  • 69,9% од испитаниците навеле дека биле во брачен однос, кога го започнале својот бизнис, додека 5,2% биле разведени, разделени или вдовци.
  • 59,7% навеле дека имале најмалку едно дете кога го започнале првиот бизнис, додека 43,5% имале две или повеќе деца.
Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »