Промовирани огласи »

Моника од Скопје е млада девојка за чија животна приказна деновиве дозна светската јавност. Нејзината сторија беше споделена на фејсбук страна The Atlas of Beauty која во моментов има повеќе од милион следбеници од целиот свет. 

Таа денес студира право, но сообраќајна незгода која ја доживеала додека била дете е причината денес да е во инвалидска количка. Возач под дејство на алкохол бил причината за сообраќајна несреќа, но тој никогаш не бил осуден или добил било каква казна за ова кривично дело.

Денес, по 15 години Моника сака своето образование и искуство да го посвети на превенирање вакви појави во општество.

Во објавата на фејсбук страна се заклучува дека младите луѓе како Моника може да го направат светот подобро место за живеење, а луѓето од целиот свет преку коментари даваат поддршка за остварување на нејзината животна цел и мисија.

Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Секогаш се запрашувате кои се оние луѓе кои успеале една идеја, да ја претворат во пари? Популарно, овие луѓе се нарекуваат претприемачи или бизнисмени.

Сепак, не станува збор за екстремно интелегентни или богати луѓе, туку имаме впечаток дека било кој упорен и иновативен ум може да прерасне во успешен бизнис човек.

Ова се кратки статистики за тоа кои се всушност претпемачите од светот:

  • Основачи на компании се во средна возраст и со подобро образование.
  • Просечна и средна возраст на основачите во анализираниот примерок кои одлучуваат да започнат сопствен бизнис е 40 години.
  • 95,1% се дипломирани, а 47% имаат повисоки степени на образование.
  • Претприемачите доаѓаат од средна класа или повисока ниска класа и се подобро образовани и попретприемачки расположени од нивните родители.
  • 71,5% доаѓаат од семејства од средна класа, додека 21,8 се изјасниле дека доаѓаат од повисока ниска класа.
  • Помалку од 1% доаѓаат од екстремно богати или екстремно сиромашни средини
  • Повеќето претприемачи се во брак и имаат деца
  • 69,9% од испитаниците навеле дека биле во брачен однос, кога го започнале својот бизнис, додека 5,2% биле разведени, разделени или вдовци.
  • 59,7% навеле дека имале најмалку едно дете кога го започнале првиот бизнис, додека 43,5% имале две или повеќе деца.

Промовирани огласи »

На листата со 128 најиновативни земји, според истражувањето на Обединетите нации, Македонија се наоѓа на 61-то место.

Годишниот извештај на организацијата ОН за интелектуална сопственост за 2017 година покажува дека брзорастечките економии напредуваат на листата на која доминираат богатите западни земји со Швајцарија на врвот.

Македонија на оваа листа се најде на 61-то место, а од земјите од регионот Словенија се наоѓа на 32-то место, Хрватска на 41-то, Унгарија на 39-то, Србија на 62-то и БиХ на 86-то место.

Швајцарија од 2011 година па се до денес ја предводи „петорката“ во која се Шведска, Холандија, САД и Велика Британија.

Од шестото до десеттото место на листата се подредени земјите: Данска, Сингапур, Финска, Германија и Ирска.

Обединетите Арапски Емирати, Виетнам и Кувајт се некои од земјите кои најмногу напредувале во однос на 2016 година, се вели во извештајот на ОН.

Индексот на иновативност се пресметува врз основа на 81 индикатор и ја покажува конкурентноста на земјите.

Кина во однос на 2016 година е подобра за три места, а Индија за шест места напредувала на листата која го зема во предвид политичкото опкружување, образованието, инфраструктурата и деловната клима.

Оваа година се воведени и нови фактори, иновации во земјоделството и во системот за производство на храна, пренесуваат агенциите.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »