На листата со 128 најиновативни земји, според истражувањето на Обединетите нации, Македонија се наоѓа на 61-то место.
Годишниот извештај на организацијата ОН за интелектуална сопственост за 2017 година покажува дека брзорастечките економии напредуваат на листата на која доминираат богатите западни земји со Швајцарија на врвот.
Македонија на оваа листа се најде на 61-то место, а од земјите од регионот Словенија се наоѓа на 32-то место, Хрватска на 41-то, Унгарија на 39-то, Србија на 62-то и БиХ на 86-то место.
Швајцарија од 2011 година па се до денес ја предводи „петорката“ во која се Шведска, Холандија, САД и Велика Британија.
Од шестото до десеттото место на листата се подредени земјите: Данска, Сингапур, Финска, Германија и Ирска.
Обединетите Арапски Емирати, Виетнам и Кувајт се некои од земјите кои најмногу напредувале во однос на 2016 година, се вели во извештајот на ОН.
Индексот на иновативност се пресметува врз основа на 81 индикатор и ја покажува конкурентноста на земјите.
Кина во однос на 2016 година е подобра за три места, а Индија за шест места напредувала на листата која го зема во предвид политичкото опкружување, образованието, инфраструктурата и деловната клима.
Оваа година се воведени и нови фактори, иновации во земјоделството и во системот за производство на храна, пренесуваат агенциите.