Промовирани огласи »

Град Скопје и во 2022 година ја продолжува мерката за доделување субвенции на граѓаните за набавка на инвертер клима уреди за загревање.

Советот на Град Скопје на вчера одржаната седница ја донесе Програма за субвенционирање на граѓаните за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување за 2022 година, со која се утврдуваат начинот и условите за спроведување на активностите за субвенционирање и нивното финансирање.

Во наредниот период ќе биде распишан јавниот повик за субвенции на кој ќе можат да аплицираат сите лица кои ги исполнуваат предвидените услови, а ќе можат да аплицираат сите оние што набавиле инвертер клима уреди почнувајќи од 01.01.2022 година. Средствата предвидени за овие субвенции се обезбедени од буџетот на Град Скопје, како и преостанатите средства добиени од Владата во 2020 година.

Согласно со годинешната програма, за оваа намена се предвидени 24 милиони денари, додека на граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер клима уред, но не повеќе од 62.000 денари во нето износ.

Овие субвенции се дел од мерките предвидени во Планот за подобрување на квалитетот на воздухот и Акциониот план на Стратегијата за климатски промени на Град Скопје. Согласно со многубројните истражувања за квалитетот на воздухот во Скопје најголемо учество во емисијата на ПМ10 и ПМ2,5 честичките има затоплувањето на домовите кои немаат централно греење. Ова се јавува, пред се, заради нецелосното и несоодветно согорување на огревното дрво, лошиот квалитет на дрвото, начинот на неговото чување и употребата на стари, дотраени и технички неисправни печки. Инвертерите за затоплување се економични, еколошки, не користат фосилни горива, а истовремено постигнуваат затоплување на домовите, велат од Град Скопје. 

Доколку  се направи паралела во трошоците за греење на стан со 60 м2 за една грејна сезона во однос на греење со термо печка, печка на дрва и инвертер клима уред ќе се добијат следните пресметки:

  • Термо печка која троши 10.920 kwh електрична енергија троши околу 76.000 денари годишно;
  • Печка на дрва која троши 12 м3 огревно дрво троши околу 48.000 денари годишно;
  • Инвертер клима уредот на годишно ниво троши само 4.580 kwh електрична енергија, односно само 30.000 денари годишно.

Според  анализата на  годишно ниво ќе се  заштедат  околу 18.000 денари во однос на загревањето со печка на дрва или 46.000 денари во однос на загревањето со термо печка. 

Промовирани огласи »

Русија попушти и ќе дозволи и натаму земјите кои купуваат гас да го плаќаат во странска валута. 

Непријателските земји можат да продолжат да плаќаат за рускиот природен гас во странска валута преку руска банка која ќе ги претвора парите во рубљи. 

Русија вети дека ќе има реперкусии ако земјите не плаќаат во рубљи, но Германија, Франција и Британија се побунија дека не сакаат уцени и Русија попушти. 

Инаку, рубљата се опорави и се врати на нивото како пред војната. 

Промовирани огласи »

Богатите албански семејства ќе плаќаат повеќе за струја. 

Албанскиот премиер Еди Рама денеска најави дека се прави студија со која ќе се разгледа можноста богатите домаќинства да плаќаат поскапа електрична енергија. Тој нагласи дека за другите домаќинства нема да има зголемување на сметката за енергија, за што Владата ќе продолжи да ја плаќа разликата.

Рама уште еднаш ја повтори одлуката на Владата со која нема зголемување на цената на електричната енергија за албанските домаќинства и покрај енергетската криза и неповолната хидролошка состојба од која зависи домашното производство.

Локалното производство на електрична енергија во Албанија зависи од хидроенергијата, а сушата во последните месеци ја влоши и онака лошата ситуација со електрична енергија во земјата.

Има неповолна хидрологија на акумулацијата на најголемата хидроелектрана „Фиерза“, која е втора по големина на Балканот. Според последните информации таа е на критичниот минимум, поради што е запрено производството.

Владата претходно објави дека ќе мора да потроши околу 550 милиони евра за увоз на електрична енергија.

Светот го тресе енергетска криза. Многу земји им советуваат на своите граѓани да штедат гас, но и нафта доколку се во можност.

foto freepik.com

Промовирани огласи »

Руската валута рубљата се стабилизираше и ја достигна вредноста која ја имаше пред да започне војната во Украина. 

Утрово 75,5 рубљи се тргуваа за еден американски долар , а претходно имаше ситуација кога скоро 140 рубљи се тргуваа за долар. Рубљата потона на почетокот на март.  

Русија ја зајакна својата валута со зголемување на каматните стапки на 20 отсто – односно поттикнување на инвестициите во рубљата – и наметнување на контрола на капиталот. Тоа значи дека луѓето не можат да ја менуваат рубљата за други валути. Русија бара за гасот кој другите земји го купуваат од нив да плаќаат во рубљи. 

Откако Русија на 24 февруари ја нападна Украина, Западот воведе санкции за Русија и тоа доведе до намалување на вредноста на валутата. 

  

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »