Промовирани огласи »

Богатите албански семејства ќе плаќаат повеќе за струја. 

Албанскиот премиер Еди Рама денеска најави дека се прави студија со која ќе се разгледа можноста богатите домаќинства да плаќаат поскапа електрична енергија. Тој нагласи дека за другите домаќинства нема да има зголемување на сметката за енергија, за што Владата ќе продолжи да ја плаќа разликата.

Рама уште еднаш ја повтори одлуката на Владата со која нема зголемување на цената на електричната енергија за албанските домаќинства и покрај енергетската криза и неповолната хидролошка состојба од која зависи домашното производство.

Локалното производство на електрична енергија во Албанија зависи од хидроенергијата, а сушата во последните месеци ја влоши и онака лошата ситуација со електрична енергија во земјата.

Има неповолна хидрологија на акумулацијата на најголемата хидроелектрана „Фиерза“, која е втора по големина на Балканот. Според последните информации таа е на критичниот минимум, поради што е запрено производството.

Владата претходно објави дека ќе мора да потроши околу 550 милиони евра за увоз на електрична енергија.

Светот го тресе енергетска криза. Многу земји им советуваат на своите граѓани да штедат гас, но и нафта доколку се во можност.

foto freepik.com

Промовирани огласи »

Руската валута рубљата се стабилизираше и ја достигна вредноста која ја имаше пред да започне војната во Украина. 

Утрово 75,5 рубљи се тргуваа за еден американски долар , а претходно имаше ситуација кога скоро 140 рубљи се тргуваа за долар. Рубљата потона на почетокот на март.  

Русија ја зајакна својата валута со зголемување на каматните стапки на 20 отсто – односно поттикнување на инвестициите во рубљата – и наметнување на контрола на капиталот. Тоа значи дека луѓето не можат да ја менуваат рубљата за други валути. Русија бара за гасот кој другите земји го купуваат од нив да плаќаат во рубљи. 

Откако Русија на 24 февруари ја нападна Украина, Западот воведе санкции за Русија и тоа доведе до намалување на вредноста на валутата. 

  

Промовирани огласи »

Владата на Република Северна Македонија на денешната 35-та седница одржана онлајн, преку видео конференциска врска, ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на плати во јавниот сектор.

Согласно оваа Информација, Владата ги задолжи сите органи на државната управа и донесе заклучок да им се укаже на сите институции кои не се органи на државната управа, да постапат согласно постоечките законски решенија за пресметка на плата и да ја исплатат во законски утврдениот рок.

Во образложението во врска со ова прашање се истакнува дека според Законот за минимална плата, право на минимална плата имаат сите работници, во висина утврдена согласно со овој Закон, а законската рамка за усогласување на минималната плата со платата на вработените во државната управа е утврдена во текстот на Предлог-Законот за изменување на Законот за административни службеници, кој се очекува да биде донесен од страна на Собранието на Република Северна Македонија во текот на месец април.

Во Законот е содржана преодна одредба според која одредбите кои се однесуваат на промената на системот на плати за сите административни службеници ќе отпочнат да се применуваат со исплатата на мартовската плата во месец април 2022 година. По влегувањето во сила на Законот ќе се изврши корекција на платите, односно правото за усогласување со Законот за минимална плата ќе се оствари и за платата за месец март.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,48% во однос на одлуката од 28.03.2022 година.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 2,00 ден/лит, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 85,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менуваат, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 83,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 85,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 2,50 ден/лит и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 81,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,217 ден/кг и со тоа Мазутот М-1 НС изнесува 56,130 ден/кг.

Од 1.4.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 83,50 (денари/литар), Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 85,50 (денари/литар), Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 85,50 (денари/литар), Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 81,50 (денари/литар), Мазут М-1 НС – 56,130 (денари/килограм).

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,322% или за 25,450 $/тон, кај дизелот намалување во просек за 3,722% или за 45,350 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за 4,506 % или за 51,550 $/тон, и кај мазутот намалување во просек за околу 2,553% или за 18,650 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 56,0709 ден/$ и е за околу 0,031 % повисок од курсот на доларот (56,0533 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 1.4.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »