Промовирани огласи »

Од денеска се укинува вонредната пандемиска состојба во Бугарија, а некои антиепидемиски мерки се уште остануваат.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, од денеска се укинува барањето за задолжително носење заштитни маски во затворени јавни места, одржување физичка дистанца, за ограничување на бројот на лица кои можат истовремено да бидат во затворен простор, како и за забрана за посета во болниците.

Носењето заштитни маски останува пожелно за места каде што се собираат многу луѓе.

Од денеска до 15 мај 2022 година, сите лица, без разлика од која земја доаѓаат во Бугарија, ќе треба да приложат валиден дигитален сертификат на ЕУ за вакцинација, за прележаност на болеста, тест или сличен документ што ги содржи истите податоци. Лицата кои нема да достават барем еден од овие документи ќе бидат примени на територијата на Бугарија, но ќе бидат ставени во 10-дневен карантин.

Промовирани огласи »

Васко Ковачевски, генералниот директор на АД ЕСМ, денеска ги презентираше ставките за кои беа потрошени 171 милиони евра од Владата за време на енергетската криза и кризата со снабдување на топлинска енергија од крајот на минатата година па до денеска.

Најмногу пари - околу 72 милиони евра му се исплатени на когенеративната централа ТЕ-ТО. Од оваа сума, 65,9 милиони евра се исплатени за откупената електрична енергија од 300 гигаватчасови, додека 5,87 милиони евра се платени за гас, односно за топлинска енергија за парно-греење.

За набавената електрична енергија од странство заради покривање на загубите се исплатени 34,43 милиони евра од 127 гигаватчасови. На операторот МЕПСО за повлечена енергија му се префрлени 12 милиони евра.

За набавка на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино, термоцентралата која беше стартувана по долги години пауза, се платени 31,72 милиони евра во текот на грејната сезона за 53 илјади тони.

Во делот на набавка на јаглен од приватни компании надвор од рудниците кои што се во сопственост на АД ЕСМ очигледно имало дебакл, затоа што се потрошени само 2,8 милиони евра.

- Изминатите седум месеци беа најтешките во историјата на АД ЕСМ. Обезбедивме да нема ниту еден ден рестрикции на струја и да нема намалено снабдување на електрична енергија. 

193 милиони евра ќе имавме добивка, доколку останатите 40 отсто, кои инаку не сме должни да му ги продадеме на универзалниот снабдувач, ги продававме на слободниот пазар, рече Ковачевски.

Тој додаде дека денеска завршуваат договорите со ТЕЦ Неготино и АД ТЕ-ТО.

Промовирани огласи »

Во текот на изминатата недела со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 167 возила од зелени и јавни површини во Град Скопје. 

Непрописно паркираните возила се отстранети по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци за паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

Јавното претпријатие Градски паркинг апелира до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

Корисниците на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата да избегнат глоби и дополнителни трошоци. Плаќањето за паркинг услугата може да се изврши преку СМС порака или со картичка, посочуваат надлежните. 

Промовирани огласи »

Од денеска може да се аплицира за добивање финансиска помош за исплата на минималната плата. На веб-страната на Управата за јавни приходи, веќе е поставен софтвер преку кој може да се поднесе барање за финансиската помош за исплата на разликата од придонесите на нето зголемената минимална плата.

Работодавачите кои сакаат да користат ваква државна помош, при поднесување на МПИН, во полето 3.23 треба да ја внесат  шифрата 405, за сите вработени за кој побаруваат финансиска помош. Работодавачите  кои веќе ја  исплатиле мартовската плата, а не побарале финансиска помош, истото може да го сторат со поднесување на исправка со внес на шифра 103, само за вработените лица за кои бараат обезбедување на финансиска помош, појаснуваат од Управата за јавни приходи.

Право на користење на оваа финансиска поддршка имаат сите работодавачи кои не се ослободени од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување или данок на личен доход за вработеното лице. Апликантите мора да имаат статус на активен обврзник и да ги имаат подмирено обврските за исплата на плата, придонеси од задолжително социјално осигурување и даноци, заклучно со последниот ден од февруари или сите следни месеци за кои ќе бараат ваква финансиска помош.

Финансиска помош неможе да користи работодавач кој користи субвенционирање на придонеси од задолжително социјално осигурување за работници заради зголемување на плата, обврзник кој користи мерка за субвенција на плата преку Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување, како и орган на државна и на локална власт и институција која врши дејност од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, како и во други дејности од јавен интерес организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија…

Работодавачите кои ќе добијат финансиска помош се должни работникот за кој ќе добијат поддршка да го задржат на работа најмалку една година по завршувањето на користење на мерката. Работодавачите кои нема да го испочитуваат ова правило, по отпуштање на работникот ќе треба во рок од 30 дена да го вратат износот на добиената помош. Оваа одредба нема да важи ако работникот за кои е добиена помош во меѓувреме се пензионира, ако настане смрт или пак ако работникот сам си даде отказ од работното место.

Финансиската помош се остварува по исплата на платата за месецот за кој се обезбедува. Исплатата ќе се врши преку Министерството за труд и социјална политика.  

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »