Промовирани огласи »

По повеќе од два месеци од филмскиот грабеж во НЛБ Тутунска Банка во Скопје, од каде осомничениот вработен 40- годишен Бобан С. среде бел ден успеа да изнесе од банката 2 милиони франци и 270.000 евра, полицијата не открива дали има некаква трага  за тоа  каде се украдените пари.

Редакцијата на МКД.мк  на 11 мај писмено се обратила до МВР за да добие одговор, дали е најден некаков доказ кој може надлежните да ги одведе до украдените пари или дали евентуално се најдени парите?

Еден месец по  испратено прашање од МВР одговрија, дека согласно законот, одговорот на прашањето кое го побарале е тајна.

“Во врска Вашето барање кое се однесува на кривично правен настан случен во НЛБ Банка АД на ден 10.04.2017 година , ве известуваме дека согласно тајност на предистражна постапка чл.289 од Законот за кривична постапка ,односно сите дејствија преземени од страна на полицијата или ЈО се сметаат за тајна,поради што не можеме да ви доставиме дополнителни податоци”, ни одговорија од МВР.

Филсмкиот грабеж во НЛБ Тутунска банка го пријави директорот на банката. По настанот осомничениот Бобан С. беше приведен и по барање на Обвинителството му беше определен 30-дневен притвор.  

Од Основното јавно обинителство Скопје велат дека истрагата за овој настан е во тек. 

Промовирани огласи »

Претседателот на Казахстан, Нурсултан Назарбаев предложи создавање на светска криптовалута со цел да се избегнал би се избегнале валутните војни.

Дојде време да се разгледа прашањето за воведување на меѓународна валута. Тоа ќе овозможи светот да се спаси од валутните војни, шпекулации, да се избегнат несогласувањата во трговските односи, намалување на нестабилноста на пазарот, изjави Назарбаев.

Според Назарбаев, оваа валута треба да се базира на едноставен механизам на емисија која ќе ја контролираат само нејзините потрошувачи.

Имајки ја предвид дигитализацијата, развојот на нови технологии, како што е „блокчејн“ (blockchain), може да се создаде платежна единица како криптовалута. Важно е таа да не се базира на апстрактна доверба, туку за неа да се обезбеди конкретен имот, наведе Назарбаев.

Промовирани огласи »

Во рамките на Регионалната Платформа за социјални иновации во младинското вработување (YOUSEE), Младинскиот културен центар – Битола (МКЦ – Битола)  во соработка со KARIERA.mk, Ве поканува на презентација и јавна дискусија на тема: „Социјални иновации за намалување на младинската невработеност“.

Презентацијата ќе се одржи на 20 јуни 2017 година (вторник) во просториите на Јавна соба ул. 50 дивизија 22 Скопје – Makers Roomк со почеток во 17.00 часот.

На презентацијата е планирано со свои излагања да учествуваат: 

Д-р Ѓорѓи Какашевски – професор по информатички науки и ко-сопственик на KARIERA.mk 
Норик Селими – Претседател на Федерацијата на агенции за привремени вработувања и ко-сопственик на KARIERA.mk 
Зорица Бужаровска – консултант во KARIERA.mk 

Настанот е во рамките на Регионалната Платформа (YOUSEE) со поддршка на фондови од Европската Унија.

Повеќе информации на www.youseefor.me 

Теми за дискусија на настанот ќе бидат: 

  • Социјални иновации и социјално претприемништво 
  • Трендови и предизвици со човечки ресурси (HR) во Македонија 
  • Начини за наоѓање на работа во Македонија 
  • Препораки за успешно претставување пред работобарателите 
  • KARIERA.mk социјална иновација и проект кој поврзува илјадници работобаратели и компании 

Ве покануваме и се надеваме на Вашето присуство. 

Промовирани огласи »

Од обичен камен создава вистинска уметност. Парче по парче, со многу труд, посветеност и трпение малите парчиња мермер  и камен  25 годишната Слободанка Мечева ги претвара во вредни уметнички и духовни дела.

Таа веќе две години изработува икони, но наместо во класичната техника ги изработува во мозаик, а нејзините дела може да се сретнат во голем број цркви и манастири ширум државата. Во моментов работи на иконата на „Света Петка“  наменета за новоизградена црква во струмичко.

Инспирација за да ги работам иконите ми е духовното во мене што го чувствувам. Сакам да се изразам преку иконите бидејќи тоа ми е некако најпријатно чувство кога творам, вели Слободанка Мечева - мозаичар.

На една икона понекогаш работи и неколку месеци, а материјалите ги набавува и обработува сама. Дел од нив купува, а многу често ги наоѓа случајно при прошетки во природа.

Материјалите ги набавувам од продавници за мермер, обични камења кои ги наоѓам по река или било каде околу мене каде што ми се допаѓаат. Мермерот знаете дека е голем, имам машина на која прво го сечам, а потоа се крши на наковална и со клешти па се изработува мозаикот, вели Мечева

Освен иконите кои ги изработува сама, оваа млада авторка била  дел и од тимовите кои работеле на неколку поголеми проекти. Меѓу нив се црквата посветена на Цар Константин и Елена во Скопје, како и на подниот мозаикот во новоизградената црква во Свети Јован Бигорски.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »