Промовирани огласи »

Ќе растат каматите на кредитите на граѓаните и бизнисот, и за веќе земените, но и за новите.

Покрај автомобилски, потрошувачки, станбени, корекции кај каматите ќе има и кај минусот за плата и кај кредитните картички. Одлуката за колку ќе пораснат каматите и од кога, ќе биде индивидуална од банка до банка. А сигналот дека парите мора да поскапат за да забави инфлацијата – го прати Народната банка. Ја затегна монетраната политика со одлуката да ја зголеми каматната стапка на благајничките записи за 0,25 процентни поени, и од сегашните 1,25 сега таа ќе изнесува 1,5 проценти. Оваа камата е показател во кој правец треба да одат и банкарските камати и ова е прво поместување во нагорна линија на каматата на благајничките записи после подолг период. Банките велат ги следат сигналите на централната банка и ќе направат прилагодување на каматите.

Со оглед на последователните измени на одлуката за задолжителна резерва, како и промената на основната каматна стапка, нашите членки сеуше ги разгледуваат опциите за корекција на каматните стапки. Соодветно на тоа може да се очекува дека ќе направат прилагодување на каматните стапки во согласност со своите деловни политики, соопшти македонската банкарска асоцијација.

Од таму ги упатуваат граѓаните внимателно да ги читаат договорите кои ги имаат со банките. Велат праксата до сега покажала дека корекции ќе нема само кај кредитите кои се со фиксна каматна стапка.

Упатуваме на внимателно читање на договорите кои корисниците на банкарски услуги ги имаат со банките, без оглед дали станува збор за кредити или депозити и утврдување на тоа дали станува збор за примена на фиксни или променливи каматни стапки. Вообичаена практика е промената на каматните стапки да не се однесува на фиксните каматни стапки се до периодот на важност на договорот за кредит и до рокот на достасување на депозитот, соопштија од МБА.

Граѓаните внимателно да ги прочитаат договорите за кредит апелираа и од Организацијата на потрошувачи. Од таму велат дека не очекуваат корекцијата на каматните стапки да биде голема, со оглед на тоа што каматната стапка за благајничките записи се зголеми за 0,25 процентни поени.

Граѓаните внимателнио да ги прочиаат договорите за кредит за да виидат дали станува збор за фиксна или варијабилна каматна стапка. Обично кредитите во последно време се со две години фиксна камата па потоа променлива. Корекција се очекува да има, но не голема кај тие со варијабилна каматна стапка. Тука влегуваат и старите кредити, но и минусите на плата, кредитните картички. Банките мора да ги известат корисниците на нивните услуги за промената во каматите и да им достават нов амортизационен план, вели Маријана Лончар Велкова, од Организацијата на потрошувачи на Македонија.

За експертите ова е очекуван потег на централната банка кој нема драстично да ја зголеми цената на парите, но ќе се одрази кај кредитите на граѓаните кои во најголем број се со променлива каматна стапка. Зголемувањето на каматната стапка на благајничките записи, ќе значи дека банките ќе бидат повеќе стимулирани да запишуваат благајнички записи, како поисплатлив и посигурен пласман, отколку да даваат кредити. Велат ова е блага мерка, а доколку состојбата се заостри ќе требаат и нови мерки. Даночниот експерт Павле Гацов очекува каматите на кредитите повеќе да растат од тие на депозитите.

Тоа ќе значи покачување на каматните стапки кај деловните банки, бидејќи обично сигналот доаѓа од центраната банка. Самото покачување ќе значи и рестрикции во кредитната политика на деловните банки. Тоа ќе значи и намалување на паричната маса во оптек во сооднос понуда побарувачка. Тоа ќе значи и соодветен притисок врз инфлацијата, изјави за „Денар“ даночниот експерт Павле Гацов.

Реакцијата на Народната банка дојде како одговор на растечката стапка на инфлацијата која во март се искачи на 8,8 отсто. Централната банка образложи дека мерката е превентивен одговор на растечките инфлациски очекувања, во услови на задржани оцени за отсуство на поизразени притисоци од домашната побарувачка и присутни надолни ризици за неа во следниот период.

Главните фактори на поместувањата на ценовното ниво и понатаму се факторите на страната на понудата, односно цените на енергијата и на прехранбените производи, поради растечките увозни цени. На нив отпаѓа повеќе од три четвртини од растот. Сепак, имајќи предвид дека тие се влезен приход кај повеќе други производи и услуги, а застојот кај синџирите за производство ги поскапува и другите увозни производи, најновите податоци покажуваат дека растот на цените станува пошироко распространет. Ова заедно со долготрајниот ценовен притисок од првично очекуваните придонесува и за нагорни поместувања на инфлациските очекувања. Поизразени притисоци од побарувачката врз цените засега не се забележуваат, а воениот конфликт во Украина ги нагласува надолните ризици за домашната побарувачка во следниот период, појасни Народната банка.

Промовирани огласи »

Граѓаните да ги проверат договорите за кредити со банките за да знаат дали имаат фиксна или променлива каматна стапка, апелираат од Организацијата на потрошувачи. Реакцијата доаѓа откако од Македонската банкарска асоцијација потврдија дека по зголемувањето на каматата на благајничките записи и одлуката за задолжителна резерва од страна на Народната банка, се очекуваат корекции и на каматите на кредитите, објави Телма.

Банките кажаа дека одлуките ќе бидат различни од банка до банка, но праксата до сега покажала дека корекции не би требало да има само кај кредитите кои се со фиксна каматна стапка. Од ОПМ не очекуваат каматите да растат многу, но потсетуваат дека покрај за потрошувачките, автомобилските и хипотекарните кредити, корекции на каматите ќе има и кај минусите на плата и кредитните картички.

Лончар смета дека во ваква ситуација, иако секоја деловна банка сама одлучува сепак голема улога има и Народната банка.

Реакцијата на Народната банка дојде како одговор на очекувањата дека инфлацијата во земјава уште ќе расте. Централната банка за прв пат после подолг период ја зголеми каматната стапка на благајничките записи за 0,25 процентни поени, и од сегашните 1,25 сега таа ќе изнесува 1,5 проценти. Оваа камата е сигнал за банките за корекција и на банкарските камати. За експертите мерките на Народната банка беа очекувани, но велат тоа се благи мерки и прашање е дали ќе бидат доволни за забавување на инфлацијата во земјава.

Промовирани огласи »

Netflix ве опсипува со врвни содржини цел април, затоа подгответе се да ги погледнете најдобрите филмови и серии што се емитуваат сега. Netflix ќе го предводи патот со неверојатни и иновативни осодржини како што се Netflix филмовите Along for the Ride и Metal Lords, како и оригиналните серии на Netflix Ozark: Season 4, Part 2 и Heartstopper и многу повеќе.


Ако се обидувате да ги филтрирате сите ваши опции и да одлучите што да гледате на Netflix овој месец, можете да погледнете и многу други прекрасни нови филмови кои можеби ќе ви се допаднат, а тоа се: Choose or Die, The Bubble, and Ronny Chieng: Speakeasy, and shows Russian Doll: Season 2, Elite: Season 5, and Grace and Frankie: Season 7 – The Final Episodes.


Новите изданија на април сигурно ќе станат некои од најпопуларните филмови и серии на Netflix.

Along for the Ride (Премиера 22 Април)

Заснован на истоимениот роман на Сара Десен од 2009 година, Оден (Ема Пасароу) и мистериозната Ели (Белмонт Камели), колешка со која се среќава во текот на летото пред да замине на колеџ. Секоја вечер додека приморскиот град Колби спие, парот тргнува на патување за да и помогне на Оден да го доживее безгрижниот и забавен тинејџерски живот што никогаш не го имала. Оваа романтична драма е ран, но безвременски вкус на летна љубов, а што може да биде послатко од тоа? Вклучете се во целата акција со одјавување на Along for the Ride веднаш штом ќе биде премиерно прикажан подоцна овој месец, само на Netflix.

Heartstopper (Премиера 22 Април)

Базиран на Webtoon на Алис Осеман и графичкиот роман со исто име, Heartstopper е романса на британските тинејџери Чарли (Џо Лок) и Ник (Кит Конор), кои чуствуваат дека нивното  пријателство може да биде нешто повеќе од тоа.  Ако сакате шоу кое ќе ве натера да се чувствувате топло и нејасно овој април, тогаш овој Netflix Original е оној за вас.

Ozark: Сезона 4 (Премиера 29 Април)

Марти (Џејсон Бејтман) и Венди (Лора Лини) Бирд се ослободени од Хелен (Џанет МекТир) кои се искачуваат на врвот на империјата на Наваро. Тие наоѓаат уште една шанса да избегаат од Озарците, но некои минати гревови едноставно нема да останат закопани, а нивното откопување се чини дека е предодредено да заврши со борба. Згора на напорите на Бирди да го извлечат жив, доаѓа и гневната Рут (Џулија Гарнер) која е во потрага по одмазда по бруталното убиство на нејзиниот братучед Вајат (Чарли Тахан). Нема да има недостиг од драма, акција и возбуда во овие последни неколку епизоди од оваа хит серија, затоа погрижете се да го фатите епското финале на Ozark штом ќе биде премиерно прикажано кон крајот на овој месец, само на Нетфликс.

Други интересни филмови и серии кои ни доаѓаат месецов се:

16ти Април

LEGO Friends: Girls on a Mission: Seasons 1-4
Man of God *NETFLIX FILM
Ouija: Origin of Evil
Van Helsing: Season 5

19ти Април

Battle Kitty *NETFLIX FAMILY
Pacific Rim: The Black: Season 2 *NETFLIX ANIME
White Hot: The Rise & Fall of Abercrombie & Fitch *NETFLIX DOCUMENTARY

20ти Април

Russian Doll: Season 2 *NETFLIX SERIES
The Marked Heart *NETFLIX SERIES
The Turning Point *NETFLIX FILM
Yakamoz: S-245 *NETFLIX SERIES

21ви Април

All About Gila *NETFLIX COMEDY
He’s Expecting *NETFLIX SERIES

22ри Април

Along for the Ride *NETFLIX FILM
Heartstopper *NETFLIX SERIES
Selling Sunset: Season 5 *NETFLIX SERIES
The Seven Lives of Lea *NETFLIX SERIES

25ти Април

Big Eyes

26ти Април

David Spade: Nothing Personal *NETFLIX COMEDY

27ми Април

Bullsh*t The Game Show *NETFLIX SERIES
Silverton Siege *NETFLIX FILM
The Mystery of Marilyn Monroe: The Unheard Tapes *NETFLIX DOCUMENTARY (Key Art)

28ми Април

Bubble *NETFLIX ANIME
Samurai Rabbit: The Usagi Chronicles *NETFLIX FAMILY

29ти Април

Grace and Frankie: Season 7 – The Final Episodes *NETFLIX SERIES
Honeymoon with My Mother *NETFLIX FILM
Ozark: Season 4 Part 2 *NETFLIX SERIES
Rumspringa *NETFLIX FILM
Youth v Gov

Промовирани огласи »

Од утре увозниците ќе можат да набавуваат зејтин од Србија. Како што соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, донесена е одлуката од Србија за извоз на два милиона литри, но таа се однесува за количините кои според направените проценки, ќе бидат доволни за еден месец.

Можно е, како што објасни министерот, доколку има потреба да се донесе одлука за увоз на дополнителни количини. Состојбите се следат, а комуникацијата со српските власти е континуирана.

Николовски уште еднаш апелира грѓаните да не стравуваат, зашто зејтин има. Нема потреба, потенцира, домаќинствата да купуваат повеќе од она што им е доволно, за да се складираат.

Донесена е одлуката од српска страна за извоз. Два милиона литри зејтин од утре ќе бидат на располагање. Нема потреба од паника. Граѓаните да не се плашат и да не се грижат, има доволно зејтин за сите. Ова е прв увоз, веќе ја дизајнираме втората одлука зависно од потребите. Ова е одлука која се однесува за потребите од еден месец, но пред да помине тој период веќе се разговара за можности за дополнителен увоз, истакна Николовски.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »