Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, по итниот состанок на Советот на СОНК, на прес конференција соопшти дека штрајкот на вработените во образованието го ставаат во мирување.

Како што вели тој, денеска Советот на СОНК расправал во врска со добиеното известување од Министерството за образование и наука, по што се консултирале со правници.

Од денеска генералниот штрајк се става во мирување. Ова е само почитување на законот, истакна Неделков, истовремено нагласувајќи дека ако нема решение, штрајкот повторно ќе стане активен.

Тој е убеден дека платите ќе бидат зголемени колку што бараат и дека дневниците нема да бидат скратени колку што траел штрајкот.

Сакам да го уверам членството дека ова е само почитување на законот и доколку не се договориме во законскиот рок, штрајкот повторно ќе биде активиран. Би било добро да нема протест од аспект да не се врши притисок врз преговарачите. Има повеќе опции, максимално е 20 дена, првично 10 дена, вели Неделков.

Тој кажа дека од утре учениците се враќаат во училишните клупи.

Промовирани огласи »

Мазутот од ноќеска на полноќ поевтинува за 1,041 денари за килограм, а цените на останатите горива остануваа исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни (РКЕ). Со одлуката  се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,39 отсто.

Новата малопродажна цена на Мазутот М-1 НС ќе изнесува 51,784 денари за килограм. ЕУРОСУПЕР БС 95 и понатаму ќе се продава за 84 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 86, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 85,5, а  Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 84 денари за литар.

Како причина за новите малопродажни цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на светскиот пазар кај бензините во просек за 0,19  отсто, намалените кај дизелот за 1,242 и кај мазутот за 2,305 отсто, како и за 0,088 отсто понискиот курс на денарот во однос на доларот. 

Промовирани огласи »

Продавниците се полни, времето е убаво, морето студено, а цените на храната и пијалоците се за едно евро повисоки од ланските, велат за српски медиуми , туристи кои штотуку се вратиле од Паралија.

Милан Рачиќ штотуку се вратил од Грција а за „Ало.рс“ вели дека продавниците таму се преполни, времето е убаво, но водата е сѐ уште студена, а ноќите свежи. Потврди дека цените се малку повисоки од лани, дека се поскапело во просек за евро, евро и пол, но дека сепак е прифатлива дестинација за одмор.

Во Паралија каде што бил на одмор немало гужва, а според неговите проценки моментално има околу 300 гости.

Оние кои сакаат да седат во ресторан ќе платат седум евра за гиро, но гирото и сувлакито се по 2,7 евра во киосците за брза храна.

Ако некој мисли на тоа дека ќе плати гиро за евро пред повеќе од две-три години, нека не оди ни во Грција - вели Милан и додава дека треба да се жртвува нешто за одмор и уживање.

Лебот во некои продавници чини 2,5 евра, но за помалку пари се наоѓа, се е прашање на избор, вели Милан и додава дека продавниците се полни, ништо не фали.

Според порталот biznis.telegraf.rs, статистичките податоци покажуваат дека во Грција поскапеле овошјето, зеленчукот, маслото, мастите, лебот и месните производи. Г

Доколку планирате патување во Грција, можете да добиете многу корисни информации на Фејсбук групите Live from Greece и Grčka.info, страници кои ги собираат граѓани кои летуваат во таа земја, имаат недвижен имот таму или едноставно сакаат да читаат информации за Грција.

Еден од корисниците забележал дека сместувањето годинава е речиси двојно поскапо, но Владана Б., што би рекле од прва рака, пријавила дека во вторникот пристигнале во Солун, дека на граница нема гужва, никој не ги прашал за потврда и тоа гиро чинело колку лани.

„Ја сакам Грција, и нека е скапа, не одам само за гиро“, напиша еден од членовите на групата на Фејсбук, а оние на кои им се допаѓа оваа дестинација се согласуваат дека тие што имаат пари одат на одмор и дека ако треба да се плати некое евро повеќе тоа нема да може  да им го расипе одморот.

Без маски од 1 јуни

На туристите кои патуваат во Грција за првомајските празници нема да им требаат дигитални зелени сертификати, негативни PCR тестови или сертификати за вакцинација за да влезат во земјата. Грчкото Министерство за здравство објави дека до 1 септември ќе бидат укинати пропусниците за Ковид и ограничувањата за бројот на луѓе во затворени простории, а носењето заштитни маски нема да биде задолжително во затворените простории, туку мерката ќе стапи на сила дури од 1 јуни.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »