Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Компанијата А1 Македонија е водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа, којшто работи во седум држави и обезбедува услуги за околу 24 милиони корисници.

Моментално има активни огласи за следниве работни позиции:

IT TECHNICAL COORDINATOR FOR GROUP HR PROJECT

JUNIOR DATA ENGINEER FOR REVENUE ASSURANCE

PROCESS AUTOMATION INTERN

D2D AGENT

SALES PROCESSES AND SYSTEM DEVELOPMENT SPECIALIST

JUNIOR CONTROLLING SPECIALIST

SALES ADVISOR

TECHNICAL SUPPORT AGENT

ТЕХНИЧАР ЗА ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКА МРЕЖА

ICT SPECIALIST (BUSINESS MARKETING)


Прикачете го вашето CV денес и очекувајте повик за интервју.

Промовирани огласи »

Независниот синдикат од Управата за водење на матични книги (УЗМК) не успеа да најде заеднички јазик со Министерството за правда за покачување на платите, изјави попладнево синдикалниот претставник Марјан Ристески, по средбата со министерот за правда Никола Тупачевски.

Се вадат со некои законски уредби, подзаконски акти. Ние им предложивме конкретно оваа категорија на вработени, Управата за водење матични книги да се исели од Министертсвото за инфорнматичко општество. Значи замислете, оваа категорија на вработени кои што работат со строго доверливи документи, ги ставаат во куп со цела администрација, со уште 10.000 вработени. Доколку се качела платата само на овие не можел да се крши законот. Ние им предложивме да најдат модус да се издвои оваа категорија од групата во која што се вработени и да биде посебна, дали како агенција, дали како управа, рече Ристески.

Преставникот на Синдикатот на УВМК, Тони Милошевски, по средбата наведе дека е прифатено да има унапредување на вработените, но не и усогласување за платите.

Ние им кажавме дека ќе продолжиме со штрајкот. Нема да го ставиме во мирување. Значи продолжуваме со штрајкот. Сега утрешниот ден ќе видиме тие регулативи што ни ги кажаа, законски што не може и како можат да се донесат. Утре ќе имаме работна средба со Министерството и со Управата и ќе видиме до каде ќе одат работите и дали ќе се најде законски начин да може тие работи да се надминат и да се потпише колективен договор за да го прекинеме штрајкот, рече Милошовски,

Од Министерството за правда, пак, по средбата соопштија дека министерот Тупачевски им укажал на преставниците на Синдикатот да отпочнат со разговори за подготовка на нов колективен договор, кој ќе биде во согласност со Законот за административни службеници.

При подготовката на Законот за административни службеници да се разгледа и прашањето за статусот на вработените во УВМК заради специфичноста на нивната работа. Вработените во Управата имаат можност да остварат и додаток на плата на административен службеник до 30 отсто согласно Уредбата на Владата за специфичност на работите и работните задачи заради зголемен обем на работа. На вработените во Управата ќе им бидат усогласени платите со Законот за минимална плата и Законот за административни службеници  Платата за април ќе биде со корекција на мартовската плата, велат од Министерство.

На средбата додаваат од таму, е договорено вакви состаноци и комуникации да има и во наредниот период, а во рамките на Управата да се разгледа можноста за интерни унапредувања, дополнителна мотивација на вработените, воведување на јубилејна награда, како и и подобрување на условите за работа.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »