Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Нема продолжување на владините мерки замрзнување на маржата и ослободување од ДДВ то на основните прехранбени производи, дознава Сител. Од наредната недела, кога завршува важноста на мерките, се очекува и нивно поскапување. За да се ублажи шокот од драститчното зголемување на цените кај лебот, брашното и маслото за јадење, Владата целосно го укина ДДВ од 5%., а на трговците им ја ограничи маржата на 5, односно на 10%. Сега, извори за Сител, велат дека пари ќе се чуваат за евентуални мерки од септември , за кога се очекува зголемување на цената на струјата и евентулано обезбедување енергенси и основни прехранбени суровини. Владата, со ребалансот на буџетот, за нов пакет помош за граѓаните и стопанството издвои 76 милиони евра.

Експертите неколку пати алармираа- вештачко држење на замрзнати цени, не е добра мерка., затоа што суровните поскапуваат на светскиот пазар, па после одмзранувањето на цените ќе дојде до драстично поскапувањее на производите и кај нас. Владата сетот мерки го донесе од март до крајот на мај. Но, цените продолжија да растат и покрај ограничувањата. Според статистиката, во април прозиводите на мало поскапеле за над 11%., а инфлицата достигна 10,5%.

Промовирани огласи »

Само осум супермаркети оствариле над 700 милиони евра приходи за 2021 година и над 25 милиони евра профит.

Mинистерот за економија Крешник Бектеши во магазин „Click Plus“ на ТВ21, кажа дека овој список го видел уште пред неколку месеци, а истите бројки му биле како основа за донесување одлука за замрзнување на цените.

Го видов списокот, и уште еднаш ќе кажам, овие супермаркети кои прават милионски профити, не треба да ги експлоатираат вработените. Не може така, истакна Бектеши.

Министерот посочува дека има маркети кои се казнети со 100.000 евра.

Дали вие знаете дека кај дел од овие супермаркети 99% од вработените биле пријавени со минимална плата. Еден супермаркет има само 10 продажни места, а има 10 милиони евра профит, и потоа преку стопанските комори се жалат за минималната плата, додава Бектеши. 

Промовирани огласи »

 Благодарение на вашите молитви воспоставивме единство, а сега браќа и сестри ви носиме уште една радост – Светиот архиерејски собор на Српската православна црква едногласно во пресрет на барањето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Соборот на нашата црква ја благословува и одобрува афтокефалноста на МПЦ-ОА, рече српскиот патријарх Порфириј.

Тој додаде дека Светиот собор на СПЦ ставил на должност на Синодот во соработка со архиеписопот Стефан и неговиот Синод, да разработат техничко-организациски детали, по што ќе следи свеченото прогласување на официјален акт.

Потоа ќе бидат известени сите помесни православни цркви по својот каконски ред и тие да го прифатат афтокефалниот статус на МПЦ-ОА, рече патријархот Порфириј.

Српскиот патријарх Порфириј од Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје објави дека Саборот на Српската православна црква (СПЦ) ја прифаќа и признава автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

ФОТО: МИА

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »