Промовирани огласи »

ладата на денешната седница ја усвои препораката на Комисијата за заразни болести за укинување на обврската за поседување сертификат за вакцинација или за прележан Ковид-19, како и за негативни ПЦР и антиген тестови за сите домашни и странски државјани при влез во нашата држава.

За оваа одлука денеска со објава на својот фејсбук-профил информира првиот заменик на претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, посочувајќи дека е укината и мерката за домашна изолација на сопствен трошок во период од 7 дена при влез во државата без горенаведените документи. 

Промовирани огласи »

KROMBERG & SCHUBERT е глобална индустриска групација примарно активна во автомобилската индустрија, која ја сочинуваат четири деловни единици во производство на Кабли, On-board мрежи, Пластична технологија и Мехатроника. Своите производи ги пласира кај најголемите европски производители на автомобили (VW, BMW, AUDI, Mercedes, Škoda...). Во моментот KROMBERG & SCHUBERT отвара нова фабрика со локација во Скопје и е во потрага по оператори во производство.

Отворена работна позиција во СКОПЈЕ - ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО 

  • РЕДОВНА ПЛАТА, БОНУСИ, К-15, ОБЕЗБЕДЕН ПРЕВОЗ И ХРАНА 

Повеќе детали за огласот види ТУКА 

Промовирани огласи »

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 22 април 2022 година (петок), Велики Петок, петок пред Велигден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Македонија.

Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од православна вероисповед им го честита празникот.

Промовирани огласи »

Извештајот ги презентира резултатите од истражувањето спроведено во март на прашањето: Кои брендови на пиво се најдоминантни во дигиталниот простор низ Западен Балкан.

Преку алгоритми засновани на специфични истражувања за брендови на пиво, успеавме да опфатиме медиумски написи и објави на социјалните мрежи каде се споменуваат брендовите на пиво и да ја измериме нивната вкупна реакција од страна на публиката.

ИНФОГРАФИКОТ претставува ТОП 3 БРЕНДОВИ НА ПИВО за секоја земја, кои имале најмногу реакции во март 2022 година, во однос на нивниот вкупен број на реакции на брендови на пиво во соодветната земја.

Општиот заклучок е дека домашните пива во сите земји се многу поприсутни во дигиталната средина во споредба со увозните/меѓународните брендови. Во Албанија, првите 3 брендови во однос на дигиталното присуство се домашните брендови.

Низ земјите, Хајнекен е најчестиот меѓународен бренд на пиво кој е во Топ 3 брендови на пиво, во 4 од 6 земји во регионот (освен Албанија и Косово). Во Црна Гора, од севкупното дигитално присуство 91% припаѓа на Никшичко пиво, со апсолутна доминација над меѓународните брендови, слично како Бира Пеја во Косово со 83%, и Нектар пиво во Босна и Херцеговина со 76% учество во вкупниот број на реакции од публиката.

Меѓу поистакнатите кампањи и настани кои придонесоа за поголема интеракција на публиката со написите и објавите на брендовите на пива во март, издвојуваме:

Во Црна Гора спонзорствата на Никшичко на познатиот „Мимоза фестивал“ - Херцег Нови и радио емисијата „Секој петок точно на полноќ“, додека Скопско пиво ја ангажираше дигиталната публика во С. Македонија со социјалните објави како официјален спонзор на националниот фудбалски тим за време на плеј-офот на Европското фудбалско првенство и ја активирало базата на фанови за време на натпреварите против Италија и Португалија.

Резултатите се преклопени на Регионалната топлинска карта на земјите од Западен Балкан, со интензитетот на бојата која ја претставува потрошувачката на пиво во земјата по глава на жител.

Методологија

Пикаса ја искористи својата онлајн платформа Analytics.live за да спроведе мониторинг во реално време на повеќе од 2000 медиуми и илјадници канали за социјални медиуми низ 6-те земји во регионот на Западен Балкан (Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија и Северна Македонија). Платформата за аналитика ги прикажува медиумските написи заедно со нивната соодветна пенетрација во платформите на социјалните медиуми (Фејсбук, Инстаграм, Твитер, Јутјуб итн.) со броење на сите видови активности и реакции (допаѓања, споделувања и коментари).

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »