Промовирани огласи »

Извештајот ги презентира резултатите од истражувањето спроведено во март на прашањето: Кои брендови на пиво се најдоминантни во дигиталниот простор низ Западен Балкан.

Преку алгоритми засновани на специфични истражувања за брендови на пиво, успеавме да опфатиме медиумски написи и објави на социјалните мрежи каде се споменуваат брендовите на пиво и да ја измериме нивната вкупна реакција од страна на публиката.

ИНФОГРАФИКОТ претставува ТОП 3 БРЕНДОВИ НА ПИВО за секоја земја, кои имале најмногу реакции во март 2022 година, во однос на нивниот вкупен број на реакции на брендови на пиво во соодветната земја.

Општиот заклучок е дека домашните пива во сите земји се многу поприсутни во дигиталната средина во споредба со увозните/меѓународните брендови. Во Албанија, првите 3 брендови во однос на дигиталното присуство се домашните брендови.

Низ земјите, Хајнекен е најчестиот меѓународен бренд на пиво кој е во Топ 3 брендови на пиво, во 4 од 6 земји во регионот (освен Албанија и Косово). Во Црна Гора, од севкупното дигитално присуство 91% припаѓа на Никшичко пиво, со апсолутна доминација над меѓународните брендови, слично како Бира Пеја во Косово со 83%, и Нектар пиво во Босна и Херцеговина со 76% учество во вкупниот број на реакции од публиката.

Меѓу поистакнатите кампањи и настани кои придонесоа за поголема интеракција на публиката со написите и објавите на брендовите на пива во март, издвојуваме:

Во Црна Гора спонзорствата на Никшичко на познатиот „Мимоза фестивал“ - Херцег Нови и радио емисијата „Секој петок точно на полноќ“, додека Скопско пиво ја ангажираше дигиталната публика во С. Македонија со социјалните објави како официјален спонзор на националниот фудбалски тим за време на плеј-офот на Европското фудбалско првенство и ја активирало базата на фанови за време на натпреварите против Италија и Португалија.

Резултатите се преклопени на Регионалната топлинска карта на земјите од Западен Балкан, со интензитетот на бојата која ја претставува потрошувачката на пиво во земјата по глава на жител.

Методологија

Пикаса ја искористи својата онлајн платформа Analytics.live за да спроведе мониторинг во реално време на повеќе од 2000 медиуми и илјадници канали за социјални медиуми низ 6-те земји во регионот на Западен Балкан (Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија и Северна Македонија). Платформата за аналитика ги прикажува медиумските написи заедно со нивната соодветна пенетрација во платформите на социјалните медиуми (Фејсбук, Инстаграм, Твитер, Јутјуб итн.) со броење на сите видови активности и реакции (допаѓања, споделувања и коментари).

Промовирани огласи »

Agile Pro Solution (APS) е американска компанија со повеќе од 11 години искуство го редефинира класичниот пристап на аутсорсинг и нуди поекономично решение за растечките бизниси. 

Моментално вработуваат на следниве работни позиции:

ACCOUNTS PAYABLE SPECIALIST

EXECUTIVE / DIGITAL MARKETING ASSISTANT 

FINANCIAL PRODUCT CONSULTANT 

ACCOUNTS RECEIVABLE SPECIALIST 

MATERIAL PROCUREMENT SPECIALIST

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,90 % во однос на одлуката од 11.04.2022 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,064 ден/кг и сега ќе изнесува 51,599 ден/кг.

Од 19.4.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,50 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,50 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 82,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 80,50 (денари/литар), Мазут М-1 НС 51,599 (денари/килограм).

Промовирани огласи »

Претседателаството на СОНК не ја прифати понудата за зголемување на платите на наставниците за 10 отсто со гласање во Собранието во мај или јуни.

Тоа значи дека од утре нема враќање во училипните клупи, а градинките ќе згрижуваат само деца чии родители нема каде да ги остават. Ова е денешната одлука која ќе биде и соопштена на прес-конференцијата на синдикатот.

Понудата не е прифатена бидејќи, како прво, е усна. Нема писмена форма. Како второ, 95 отсто од членството се изјасни дека не сака таква понуда. Жалиме што и понатаму училиштата ќе бидат отворени само за влез, но не и за настава, изјави Лена Спасеновска Поповска, регионален претседател на СОНК.

Ова го потврди дополнително и Јаким Неделков, претседателот на СОНК, на подоцнежната прес-конференција.

Зголемувањата на платите од 10 отсто воопшто не кореспондира со зголемувањето на минималната плата и не е соодветна стимулација за враќање на достоинството, изјави синдикалниот лидер.

Тој рече дека спогодба мора да се потпише најпрво за да продолжи образовниот процес и им се извини на родителите на децата од училишна и предучилишна возраст.

Засега и натаму останува барањето за линеарно зголемување на платите за 18,4 отсто, а за тоа дали може да се намали прагот ќе одлучува членството.

Порачувам да се трпение, да им укажам на родителите дека ние наставниците немаме часови на кои ги учиме децата за навреди. Сега читаме такви изрази од родителите упатени кон нас, а ние од нив бараме помош, поддршка и разбирање, рече Спасеновска Поповска.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »