Кинеските онлајн гиганти „Тему“ и „Шејн“ објавија дека од 25 април ќе следи зголемување на цените на нивните производи, како резултат на новите царински давачки воведени од страна на САД. Компаниите ги охрабруваат потрошувачите да купуваат по актуелните, пониски цени додека сè уште се достапни, со цел да избегнат дополнителни трошоци.
Во официјалното соопштение, „Тему“ и „Шејн“ истакнаа дека поради промените во глобалната трговија и зголемувањето на оперативните трошоци, се принудени да направат корекција на цените. Компаниите уверуваат дека и покрај поскапувањето, квалитетот на производите нема да биде компромитиран, и дека ќе продолжат да нудат разновидна понуда – од играчки до електроника.
Причината за оваа промена е неодамнешната одлука на американскиот претседател Доналд Трамп, со која се укинува поволноста за увоз на пакети под 800 долари од Кина и Хонг Конг без царина. Оваа мерка има за цел да го ограничи дотокот на евтини производи од странство и сериозно го загрозува постојниот бизнис модел на овие платформи.
Тагови: онлајн купување цени