Промовирани огласи »

По овој продолжени празничен викенд, уште еден таков ни претстои следна седмица. Имено, 2. мај (понеделник) - ден по 1.мај, денот на трудот, е неработен ден, а исто така во понеделник се слави и првиот ден на Рамазан Бајрам. 

Следен неработен ден во месец мај е 24 мај (вторник) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители.

Промовирани огласи »

Илон Маск, извршниот директор на Тесла и најбогатиот човек на светот треба да добие бонус од 23 милијарди долари откако неговата компанија објави рекорден квартален профит. Маск, кој веќе има богатство проценето на 249 милијарди долари, треба да го добие споменатиот бонус откако Tesla оваа недела достигна рекордна цена на акцијата и рекорден финансиски раст.

Тесла оствари прилагоден профит од 5 милијарди долари со приход од 18,8 милијарди долари во првиот квартал од годината, што претставува зголемување од 81% во однос на истиот период претходната година. Резултатите, во комбинација со растот на цените на акциите на Tesla, значат дека Маск постигнал цели што треба да доведат до исплата на бонуси на акции во вредност од околу 23 милијарди долари.

Купување на акции

Маск не зема плата од Тесла. Наместо тоа, добива опции за акции врз основа на реализација на одредена финансиска и пазарна вредност на компанијата. Компанијата потпиша вонреден договор со Маск во 2018 година, според кој ќе и бидат исплатени рекордни 55,8 милијарди долари (40 милијарди фунти) бонуси доколку за една деценија изгради бизнис во компанијата од 650 милијарди долари.

Тоа значи дека Маск, кој не зема плата од Тесла, сега ги има на располагање последните три дела од бонусот од вкупно 12 транши. Секоја транша му дава право на Маск да купи 8,4 милиони акции на Tesla по цена од 70 долари, што е огромен попуст од сегашната цена на акцијата од 977 долари.

Неговиот профит од секоја транша би можел да биде 7,7 милијарди долари, или вкупно 23 милијарди долари. Плаќањата мора да бидат потпишани од раководството и акциите мора да се чуваат пет години пред продажбата.

Фото: Youtube - screenshot -  TED

Промовирани огласи »

Дали сте подготвени за сопствен бизнис? Oдговорот e во продолжение.

Тука не станува збор за давачки, економски статистики, јавно мислење или сечење на црвени ленти. Едноставно кажано, вистинското време да започнете сопствен бизнис е:

– Кога сте доволно сигурни дека луѓето ќе го купат тоа што сакате да го продадете…

– Кога го разбирате пазарот… Знаете зошто луѓето би се одлучиле да го купат прозводот и каде би го сториле тоа…

– Кога имате еден едноставен, практичен бизнис план, доволно голем да ги содржи клучните информации кои имаат смисол и вклучуваат пресметани проценки за првичните бројки… Да не ги изоставиме киријата и заработката, како и проценката на потребните средства и првичните трошоци без кои не се започнува бизнис. И ова е многу важно … Веќе да знаете или да имате најдено начин, како да ги најдете ресурсите кои ви ги диктира бизнис планот.

– Кога животот или значајните врски (односи) не ви зависат од деловниот успех.

– Кога навистина го посакувате тоа.

– Кога немате друга опција.

Останува само да ви посакаме среќа, со надеж дека не се обложувате на тоа дека не смеете да си дозволите неуспех.

Промовирани огласи »

Бесплатен превоз во железничкиот сообраќај се воведува од 1 мај 2022 година, согласно возниот ред на Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД - Скопје за 2022 година.

Оваа одлука е согласно мерките за намалување на трошоците на живот за граѓаните, Владата на Република Северна Македонија преку Министерството за транспорт и врски и Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД - Скопје.

Со оваа мерка овозможуваме континуирана поддршка на граѓаните се со цел поттикнување на железничкиот сообраќај како најевтин и еколошки превоз, се појаснува во соопштението од Министерството за транспорт и врски.

Бесплатиот превоз во железничкиот сообраќај се однесува за:

  • Млади лица до 27 години, секоја прва и трета недела во месецот, во период на викенд денови од петок од 12 часот, до понеделник до 12 часот;
  • Бесплатен превоз на стари лица, жени до 62 години и мажи до 64 години секој втор викенд во месецот (петок, сабота и недела);
  • Бесплатен превоз за студенти секој четврток;
  • И бесплатен превоз за сите ученици во средното образование и тоа еднаш неделно во среда.
Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »