Промовирани огласи »

На денешната средба во Владата на претставниците на СОНК со премиерот Димитар Ковачевски и министерите за образование и за труд и социјална политика е понудено покачување на платите во образованието и предучилишните установи за 12 проценти. Синдикалниот лидер Јаким Неделков рече дека дојде до усогласување во рамки на владините можности и најави дека за понудата ќе треба да се изјасни членството, а тоа значи дека настава ниту утре нема да има. До утре вечер треба да се дознае дефинитивниот одговорот на СОНК дали штрајкот ќе биде прекинат. 

 

Според тоа што е кажано, станува збор за евентуално усогласување на ставовите во рамките на можностите на државата, покачувањето да започне најдоцна од јули откако ќе биде изгласан ребалансот на буџетот, односно станува збор за зголемување на платите од 12 проценти на сегашните плати со додатоци предвидени со Колективниот договор, рече Неделков кој денешните преговори ги оцени како многу тешки и кои траеја повеќе од три часа..

Тој додаде дека тоа е максимумот што СОНК можел да го добие,но  и дека е договорена и изработка на Колективни договори за детска заштита во основно и средно образование, како и за патните тошоци и К-15, што останува за работа за наредниот период.

На средбата во Владата учествуваше и Сусан Флокен, директор на Европската конфедерација на синдикати на обраованието, која претходно изјави дека е дојдена во Скопје за да изрази целосна поддршка за СОНК и да му даде поддршка и во преговорите со Владата. Неделков ѝ изрази голема благодарност за поддршката и оцени дека на преговорите биле засилени со нејзиното присуство.

Како и на претпладневната прес-конференција, Неделков повтори дека во текот на утрешниот ден ќе има консултации со членството, со цел да се изјаснат дали се прифаќа понудата од Владата за штрајкот. Тој изрази надеж дека понудата ќе се прифати со цел да заврши штрајкот и децата да се вратат во училишните клупи. Тој рече дека по завршувањето на штрајкот наставниците ќе се погрижат да биде предавана целата предвидена образована програма и изрази жалење што мораше да има прекин на наставата.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска изразија надеж дека од среда децата ќе се вратат во градинките и во училиштата, а родителите ќе можат да продолжат на работа.

Според министрите, понудениот процент за покачување на платите нема да предизвика инфлација зашто со ребалансот на Буџетот ќе се изнајдат пари за платите.

Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Синоќа, неколку секунди пред земјотресот во БиХ и Хрватска, корисниците на Андроид апарати добија предупредување преку системот за заштита.
Ова е првпат корисниците на овој оперативен систем да бидат информирани за потенцијалните опасности на овој начин. Соопштението пристигнало неколку секунди пред силниот земјотрес и изненадило многу корисници.

Заедно со известувањето дека се наоѓаат во потенцијално опасно подрачје добиле и упатства како да се однесуваат за време на земјотресот. Меѓу другото било наведено дека треба да ги напуштат куќите, да го затворат плинот, да излезат надвор и да избегнуваат оштетени објекти.

Google ја најави оваа опција пред две години, а корисниците на уредите со Android може да ја вклучат кога ќе одат на поставките за локација. Меѓу „услугите за локација“ можете да пронајдете „Предупредувања за земјотреси“ и да ги вклучите, ако веќе не е автоматски вклучен.
Системот на Google, наречен ShakeAlert, создаден во соработка со Геолошкиот институт на САД, користи сигнали од стотици сеизмометри кои се активираат и испраќаат предупредувања до корисниците преку паметните телефони со Android.
Паметните телефони обично се опремени со мал акцелерометар кој го снима движењето, па успеваат да детектираат земјотреси кои предизвикуваат земјотреси. Android телефонот може да стане и мини сеизмометар, па благодарение на милиони негови корисници во светот, во догледна иднина би можела да се создаде најголемата глобална мрежа за откривање земјотреси.

Промовирани огласи »

По овој продолжени празничен викенд, уште еден таков ни претстои следна седмица. Имено, 2. мај (понеделник) - ден по 1.мај, денот на трудот, е неработен ден, а исто така во понеделник се слави и првиот ден на Рамазан Бајрам. 

Следен неработен ден во месец мај е 24 мај (вторник) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »