Промовирани огласи »

Поговорката вели дека се е работа на договор, но малку кој се држи до неа. Многумина во преговори се впуштаат без страв, други со резерва, а трети пак не се ни обидуваат да преговараат. Преговорите се составен дел од секојдневието. Еве неколку практични совети како да ги подобрите своите техники на преговарање и да ги свртите работите во своја корист.

Делете комплименти

Пред да преминете на главното, обидете се да го “омекнете” соговорникот. Бидете љубезни, веројатноста да го добиете тоа што го сакате е поголема.

Прашајте дали постојат исклучоци

Дури и ако соговорникот цврсто стои на својот став, не се откажувајте. Следно што треба да направите е да прашате дали постојат исклучоци и дали никогаш до сега не отстапил од договореното.

Понудете решение

Кај преговарањето понекогаш е важно да знаете точно да го составите и да го кажете тоа што го сакате. Ако, на пример, се жалите на услугите на некоја компанија, понудете им предлог како да се реши проблемот. Ако не го прифатат вашиот предлог, ќе мораат да ви понудат алтернативно решение.

Повикајте се на правилата

Ако, на пример, се обидувате да решите проблем со некој продавач затоа што се чувствувате измамени, инсистирајте вашиот соговорник да ви ја објасни политиката на работењето или поставените стандарди на стоката што ја продава, притоа потсетувајќи го колку долго сте негов потрошувач. Поставувајте прашања како “Дали е тоа официјален став на компанијата?” или “Како ќе ја вратите мојата доверба?”

Бидете самоуверени

Кај преговорите, покрај пријателскиот настап и насмевка, секогаш е важно до крај да останете самоуверени и сталожени. Дури и во ситуации кога вашиот соговорник ќе почне да ви се обраќа на повисок тон, останете мирни.

Моќта на тишината

Бројните искуства велат дека некогаш, откако во преговорите ќе слушнете “не”, неколку секунди молчење од ваша страна можат да бидат многу корисни.

Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, по итниот состанок на Советот на СОНК, на прес конференција соопшти дека штрајкот на вработените во образованието го ставаат во мирување.

Како што вели тој, денеска Советот на СОНК расправал во врска со добиеното известување од Министерството за образование и наука, по што се консултирале со правници.

Од денеска генералниот штрајк се става во мирување. Ова е само почитување на законот, истакна Неделков, истовремено нагласувајќи дека ако нема решение, штрајкот повторно ќе стане активен.

Тој е убеден дека платите ќе бидат зголемени колку што бараат и дека дневниците нема да бидат скратени колку што траел штрајкот.

Сакам да го уверам членството дека ова е само почитување на законот и доколку не се договориме во законскиот рок, штрајкот повторно ќе биде активиран. Би било добро да нема протест од аспект да не се врши притисок врз преговарачите. Има повеќе опции, максимално е 20 дена, првично 10 дена, вели Неделков.

Тој кажа дека од утре учениците се враќаат во училишните клупи.

Промовирани огласи »

Мазутот од ноќеска на полноќ поевтинува за 1,041 денари за килограм, а цените на останатите горива остануваа исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни (РКЕ). Со одлуката  се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,39 отсто.

Новата малопродажна цена на Мазутот М-1 НС ќе изнесува 51,784 денари за килограм. ЕУРОСУПЕР БС 95 и понатаму ќе се продава за 84 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 86, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 85,5, а  Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 84 денари за литар.

Како причина за новите малопродажни цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на светскиот пазар кај бензините во просек за 0,19  отсто, намалените кај дизелот за 1,242 и кај мазутот за 2,305 отсто, како и за 0,088 отсто понискиот курс на денарот во однос на доларот. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »