Промовирани огласи »

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 27 и 28.04.2022 година (среда и четврток), поради официјална посета на нашата држава на претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, Н.Е. Мустафа Шентон, ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.

Од тие причини СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,29 % во однос на одлуката од 21.04.2022 година. 

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит.  Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,226 ден/кг и сега ќе изнесува 52,825 ден/кг. 

Од 27.4.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95    84,00 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98    86,00 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)      85,50 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)    84,00 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС            52,825 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек кај бензините  за 1,579%, кај дизелот има намалување за 1,059%, кај екстра лесното масло намалувањето е за 1,418% и кај мазутот зголемувањето е за 1,876%. 

Промовирани огласи »

Во последните две недели, веб сервисот Ценометар.мк забележа незапамтени до сега поскапувања кај многу производи во маркетите. Со оглед дека ова поскапување е систематско, сметаме дека не станува збор за инфлација, туку за координирана акција на поскапување на многу производи, под изговор на инфлацијата или нарушените синџири на снабдување.

Што е индикативно, многу маркети, за многу производи имаат исти покачени цени, дури без ниту еден денар разлика, што упатува кон монополско здружување. Нормално, ваквите непазарни активности ниту се познати за надлежните власти, ниту знаат каква акција да превземат. Затоа, веб сервисот Ценометар.мк во име на народот, ја превзема оваа должност да информира за овие непазарни, монополистички акции кои граничат со военото профитерство. За подобра илустрација, во прилог е просечниот раст на цените во најголемите трговски ланци во Македонија:

  • Кашкавали ајдамер и гауда – поскапување од 43 денари, монополистичка цена од 399 денари, скоро во сите маркети
  • Јајца – шаблон 30 – празнично поскапување од 48 денари во просек !
  • Мелено месо – пораст за 10 денари
  • Свинска кременадла – пораст за 15 денари
  • Говедско свежо месо – неверојатен пораст од во просек 84 денари!
  • Чајна – пораст во просек од 15 денари
  • Пиво – повторно поскапува во просек за 10 денари по литар!
  • Тоалетна хартија – 10 парчиња, трослојна – пораст во просек за неверојатни 42 денари!
  • Шеќер – незапаметен пораст од 16 денари во просек !
  • Јогурт – поскапување од 10 денари во просек !
  • Путер – поскапување од 10 денари во просек !
  • Домати – празнично – поскапување од над 50 денари !
  • Масло за јадење – просечно поскапување од над 40 денари !

Кај маслото за јадење, најсимптоматично е што – во маркетите каде истото се движи околу 2 ЕУР ( КАМ ) го нема на полиците, додека во маркетите каде истото е околу 2,5 ЕУР ( Кипер, Рамстор, Стокомак ) , истото е достапно да се купи.

Ваквото синхронизирано поскапување, на артикли кои не се поврзани со синџири на снабдување, ниту со инфлаторни притисоци, единствено може да се толкува како синхронизирано, преќутно, монополизирање на цените, на грбот на граѓаните. Нашите финансиски власти, ниту го разбираат концептот преку кој народот се пљачка, ниту знаат како да го спречат истото.

Промовирани огласи »

Агенцијата за администрација објави неколку јавни огласи за вработување на државни службеници на неколку позиции во Општина Чаир: 

  • РЕФЕРЕНТ - ТЕХНИЧКИ СЕКРЕТАР НА РАКОВОДИТЕЛ НА СЕКТОР ЗА УРБАНИЗАМ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, КОМУНАЛНИ РАБОТИ И ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, ОДДЕЛЕНИЕ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ, СЕКТОР ЗА УРБАНИЗАМ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, КОМУНАЛНИ РАБОТИ И ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
  • САМОСТОЕН РЕФЕРЕНТ ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА ПЛАТА И БЛАГАЈНИК, ОДДЕЛЕНИЕ ЗА СМЕТКОВОДСТВО И ПЛАЌАЊЕ, СЕКТОР ЗА ФИНАНСИСКИ ПРАШАЊА
  • САМОСТОЕН РЕФЕРЕНТ ЗА ИЗГОТВУВАЊЕ НА ИЗВОДИ ОД УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ, ОДДЕЛЕНИЕ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ, СЕКТОР ЗА УРБАНИЗАМ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, КОМУНАЛНИ РАБОТИ И ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
  • САМОСТОЕН РЕФЕРЕНТ - ДАНОЧЕН КНИГОВОДИТЕЛ, ОДДЕЛЕНИЕ ЗА НАПЛАТА НА ДАНОЦИ, ТАКСИ И ДРУГИ НАДОМЕСТОЦИ, СЕКТОР ЗА ФИНАНСИСКИ ПРАШАЊА
  • ПОМЛАД СОРАБОТНИК ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ТЕХНИЧКA И ДРУГА ДОКУМЕНТАЦИЈА, ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ, СЕКТОР ЗА ФИНАНСИСКИ ПРАШАЊА
  • ПОМЛАД СОРАБОТНИК ЗА БУЏЕТСКИ ОБВРСКИ, ОДДЕЛЕНИЕ ЗА БУЏЕТСКА КОНТРОЛА, СЕКТОР ЗА ФИНАНСИСКИ ПРАШАЊА
  • СОРАБОТНИК ЗА СПОРТ, КУЛТУРА И ПОДДРШКА НА ЛОКАЛНИОТ ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ, ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЈАВНИ ДЕЈНОСТИ, СЕКТОР ЗА РАЗВОЈ И ЈАВНИ ДЕЈНОСТИ
  • ВИШ СОРАБОТНИК ЗА БУЏЕТСКА РАСПРЕДЕЛБА, ОДДЕЛЕНИЕ ЗА БУЏЕТСКА КОНТРОЛА, СЕКТОР ЗА ФИНАНСИСКИ ПРАШАЊА
  • Работни денови: понеделник-петок
    Работни часови: 40 неделно
    Работно време: од 08:30 до 16:30

    Платата за првата работна позиција е  14.700,00 денари, за втората, третата и четвртата работна позиција е 15.700,00 денари, за петтата,шестата  работна позиција е 20.500,00 денари, за седмата работна позиција е 22.800,00 денари и за осмата работна позиција е 23.500,00 денари. 

    Следниот линк ќе ве одведе до сите огласи објавен на веб страницата на Агенцијата за администрација.

    Повеќе вести...
    барај огласи за вработување » барај останати огласи »