Промовирани огласи »

Според годишната ранг-листа на Passport index со македонски пасош без виза може да се патува во 108 земји, што ја рангира Македонија на 40 место во светот.

Според оваа листа, најценет пасош имаат Германија и Сингапур и со нив може да се патува без виза во 159 земји. По нив следуваат Шведска и Јужна Кореја (158 земји), треторангирани се Данска, Финска, Италија, Франција, Шпанија, Норвешка, Велика Британија, Јапонија и САД (157), на четврто место се Луксембург, Швајцарија, Холандија, Белгија, Австрија и Португалија (156), петти се Малезија, Ирска и Канада (155), шести Грција, Нов Зеланд и Австралија (154), седми Малта и Исланд (153), осма е Унгарија (151), на деветтото место се Словенија, Словачка, Полска, Литванија, Летонија (150), а на десеттото место е пасошот на Естонија (149).

Во соседството и во поширокиот регион, најценет пасош имаат граѓаните на Грција (6 место) кои без виза можат да патуваат во 154 држави, потоа следува Словенија (9 место), а по неа најдобро рангирани се Бугарија и Хрватска на 14 место, со чии пасоши може да се влезе во 144 земји, 37 е Србија (112 земји), на 43 место се Турција и Црна Гора (105), 47 е Босна и Херцеговина (101) и 48 Албанија (96), а според ранг-листата, последното место од регионот го зазема Косово, со чиј пасош може да се патува во 41 држава.

На дното на листата на која се рангирани 199 земји во светот, се наоѓаат Авганистан, Пакистан и Ирак, со чии пасоши може да се патува без виза само во дваесетина држави.

Промовирани огласи »

По напорно работење цела година, следува летниот годишен одмор кој им следува на сите редовно вработени лица во државава.

Македонците во просек летуваат по 10 денови а се почесто во последно време се присутни и 8 дневни аранжмани од агенциите.

Направивме една кратка анализа на што всушност се трошат парите додека сме на одмор и како да заштедиме избегнувајќи некои од нив:

Начин на патување

Сите најчесто го одбираме најкраткиот начин да стигнеме на дестинацијата меѓутоа тоа најчесто чини и најмногу пари. Особено додека сте млади и немате деца, дозволете си да патувате со автобус или автомобил наместо со авион и со тоа речиси дупло ќе заштедите на патните трошоци.

Апартман наместо хотел

Апартманите се поисплатлива опција и истите нема да ве ограничат кога да станете наутро или кога да вечерате навечер. Сепак, може да се најдат прекрасни вили кои нудат студија и апартмани со поглед на море или пак градина и базен во кои ќе уживате уште повеќе.

Ресторани и кафулиња

Добро е познато дека на море цените во рестораните и кафулињата се поскапи од локалните цени.

Пред да патувате, прочитајте во кои ресторани во регионот има добра но поефтина храна или пак во последен случај понесете барем неко намирници кои не се расипуваат а ќе можете да ги искористите за вашиот доручек или вечера.

.

Не изнајмувајте лежалки и чадори за сонце секој ден

На плажа отидете подготвени, со себе земете лежалка и чадор за сонце. Ова ќе ве потсети на времето кога одевте на одмор со вашите родители. Лежењето на пешкир на песок е по романтично и со тоа ќе заштедите од 5 до 10 евра дневно.

Не купувајте подароци за сите кои ги познавате

Сепак вие сте на одмор за да се одморите и да поминете повеќе време со саканите или пак семејството. Дали навистина сметате дека на некој ќе му го промените денот со купен магнет од море кој ќе чини најмалку 5 евра?

Сигурно поинтересно ќе биде да ги гледаат вашите фотографии и да ве слушаат за вашето искуство на заедничко кафе кога ќе се вратите и кое ќе чини помалку и од магнетот кој најчесто ќе биде зафрлен во кујната.

Промовирани огласи »

Според Passport Index, во светот со германски и сингапурски пасош без визи може да се патува во 159 држави. 

Во регионот најмоќен е хрватскиот пасош, со кој може да се патува во 143 земји, а визи се потребни за земјите во Африка и Блискиот Исток. 

Од хрватскиот пасош, помоќен е словенечкиот со кој може без виза да се патува во 149 земји, а српскиот и босанскиот пасош се подолу на листата. 

На дното на листата е Авганистан и нејзините жители без виза можат да одат во 22 земји, а најлоши се Пакистан, Ирак, Сирија и Сомалија. 

Од европските земји најлошо стои Косово и со нивниот пасош без визи можат да патуваат во 41 земја. Србите можат да патуваат во 112 држави, Македонците може да патуваат без визи во 108 држави, жителите на БиХ  – 101, и Црна Гора во 105 држави.

Велика Британија иако беше меѓу првите 5 со години, сега заради Брегзит падна на 11 место. 

Промовирани огласи »

Министерот за финансии Драган Тевдовски денеска најави дека од септември Владата ќе почне со финансиска поддршка да ги поддржува компаниите да исплаќаат минимална плата од 12 000 денари.

За таа намена месечно од буџетот ќе се издвојуваат 1,5 милиони евра.

Ова е владиниот предлог што се разгледува со сите засегнати страни, синдикалците, коморите и работодавачите и според кој, од март 2018 година буџетската поддршка би се преполовила и би изнесувала 750.000 евра месечно.

Тевдовски посочи дека средствата за финансиска поддршка на компаниите од септември до декември 2017 година, вкупно шест милиони евра, се предвидени со ребалансот на Буџетот.

Овој предлог е прифатлив и за работодавачите.

Ангел Димитров претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија оцени дека зголемувањето на платите по максимум 2.000 денари од вработен или 16 отсто не е голем товар за бизнисот.

  

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »