Како настана моментално најпопуларната играчка на светот и кој за создаде?
Замислете како ќе се чуствувате, ако измислевте една од најпопуларните играчки на светот? Веројатно би биле горди и задоволни бидејќи би знаеле дека ве чекаат многу пари.
Во случајот на Catherine Hettinger, се работи за мешавина од гордост и фрустрација. Имено, Hettinger, според пишувањето на многу странски медиуми, го создала „fidget spinner“, моментално најпопуларната играчка на светот, а од тоа нема ни еден единствен цент.
Се почнало едно лето во раните деведесетти години, кога Catherine Hettinger боледувала од автоимуно пореметување кое предизввикува слабеење на мускулите, а во тоа време морала да се грижи и за својата ќерка Сара.
Не можев да ги подигнам играчките ниту да си играм со неа. Почнав да правам некои измислени играчки од весници и самолеплива трака. Кога нешто ќе и се допаднеше, јас ќе го направев тоа. Но, тогаш под сплет на околности ја создадов и првата немеханичка верзија на „spinner“
Тој настана благодарение на заедничката работа на мене и мојата ќерка“, вели Хетингер која следните неколку години ги поминала претставувајќи и продавајќи го својот изум. Но, заработката била толкава колку да ги покрие трошоците на производство.
Патентот го осигурала во 1997 година, а баш кога изгледало дека се би можело да тргне во вистинска насока, големиот произведувач на играчки „Hasbro“ во 2005та година се откажал од производството на „spinner“,а се откажала и Хетингер која тогаш престанала да плаќа одржување на патентот.
Големата грешка не ја предомислила. Продолжила да ја работи таа работа како би можела да си ги плати сметките, а работи и како советничка на изумители во Флорида. Ја почнала кампањата на „Кикстартер“ како би почнала да произведува оригинални „spinner“ играчки, но ситуацијата во овој момент не буди премногу надеж за позитивен исход.
Некои медиуми пишуваат дека Хетингер не е изумител на оваа интересна играчка, а таа сама рекла за Блумберг дека не знае дали нејзиниот патент би можел да се примени на денешните спинери.
Експертите за патенти исто така се скептични. Како што стојат работите, како и после секој тренд, веќе по неколку месеци веројатно нашите деца и ние, целосно ќе заборавиме на него.