Промовирани огласи »

По напорно работење цела година, следува летниот годишен одмор кој им следува на сите редовно вработени лица во државава.

Македонците во просек летуваат по 10 денови а се почесто во последно време се присутни и 8 дневни аранжмани од агенциите.

Направивме една кратка анализа на што всушност се трошат парите додека сме на одмор и како да заштедиме избегнувајќи некои од нив:

Начин на патување

Сите најчесто го одбираме најкраткиот начин да стигнеме на дестинацијата меѓутоа тоа најчесто чини и најмногу пари. Особено додека сте млади и немате деца, дозволете си да патувате со автобус или автомобил наместо со авион и со тоа речиси дупло ќе заштедите на патните трошоци.

Апартман наместо хотел

Апартманите се поисплатлива опција и истите нема да ве ограничат кога да станете наутро или кога да вечерате навечер. Сепак, може да се најдат прекрасни вили кои нудат студија и апартмани со поглед на море или пак градина и базен во кои ќе уживате уште повеќе.

Ресторани и кафулиња

Добро е познато дека на море цените во рестораните и кафулињата се поскапи од локалните цени.

Пред да патувате, прочитајте во кои ресторани во регионот има добра но поефтина храна или пак во последен случај понесете барем неко намирници кои не се расипуваат а ќе можете да ги искористите за вашиот доручек или вечера.

.

Не изнајмувајте лежалки и чадори за сонце секој ден

На плажа отидете подготвени, со себе земете лежалка и чадор за сонце. Ова ќе ве потсети на времето кога одевте на одмор со вашите родители. Лежењето на пешкир на песок е по романтично и со тоа ќе заштедите од 5 до 10 евра дневно.

Не купувајте подароци за сите кои ги познавате

Сепак вие сте на одмор за да се одморите и да поминете повеќе време со саканите или пак семејството. Дали навистина сметате дека на некој ќе му го промените денот со купен магнет од море кој ќе чини најмалку 5 евра?

Сигурно поинтересно ќе биде да ги гледаат вашите фотографии и да ве слушаат за вашето искуство на заедничко кафе кога ќе се вратите и кое ќе чини помалку и од магнетот кој најчесто ќе биде зафрлен во кујната.

Промовирани огласи »

Според Passport Index, во светот со германски и сингапурски пасош без визи може да се патува во 159 држави. 

Во регионот најмоќен е хрватскиот пасош, со кој може да се патува во 143 земји, а визи се потребни за земјите во Африка и Блискиот Исток. 

Од хрватскиот пасош, помоќен е словенечкиот со кој може без виза да се патува во 149 земји, а српскиот и босанскиот пасош се подолу на листата. 

На дното на листата е Авганистан и нејзините жители без виза можат да одат во 22 земји, а најлоши се Пакистан, Ирак, Сирија и Сомалија. 

Од европските земји најлошо стои Косово и со нивниот пасош без визи можат да патуваат во 41 земја. Србите можат да патуваат во 112 држави, Македонците може да патуваат без визи во 108 држави, жителите на БиХ  – 101, и Црна Гора во 105 држави.

Велика Британија иако беше меѓу првите 5 со години, сега заради Брегзит падна на 11 место. 

Промовирани огласи »

Министерот за финансии Драган Тевдовски денеска најави дека од септември Владата ќе почне со финансиска поддршка да ги поддржува компаниите да исплаќаат минимална плата од 12 000 денари.

За таа намена месечно од буџетот ќе се издвојуваат 1,5 милиони евра.

Ова е владиниот предлог што се разгледува со сите засегнати страни, синдикалците, коморите и работодавачите и според кој, од март 2018 година буџетската поддршка би се преполовила и би изнесувала 750.000 евра месечно.

Тевдовски посочи дека средствата за финансиска поддршка на компаниите од септември до декември 2017 година, вкупно шест милиони евра, се предвидени со ребалансот на Буџетот.

Овој предлог е прифатлив и за работодавачите.

Ангел Димитров претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија оцени дека зголемувањето на платите по максимум 2.000 денари од вработен или 16 отсто не е голем товар за бизнисот.

  

Промовирани огласи »

Како настана моментално најпопуларната играчка на светот и кој за создаде?

Замислете како ќе се чуствувате, ако измислевте една од најпопуларните играчки на светот? Веројатно би биле горди и задоволни бидејќи би знаеле дека ве чекаат многу пари.

Во случајот на Catherine Hettinger, се работи за мешавина од гордост и фрустрација. Имено, Hettinger, според пишувањето на многу странски медиуми, го создала „fidget spinner“, моментално најпопуларната играчка на светот, а од тоа нема ни еден единствен цент.

Се почнало едно лето во раните деведесетти години, кога Catherine Hettinger боледувала од автоимуно пореметување кое предизввикува слабеење на мускулите, а во тоа време морала да се грижи и за својата ќерка Сара.

Не можев да ги подигнам играчките ниту да си играм со неа. Почнав да правам некои измислени играчки од весници и самолеплива трака. Кога нешто ќе и се допаднеше, јас ќе го направев тоа. Но, тогаш под сплет на околности ја создадов и првата немеханичка верзија на „spinner“

Тој настана благодарение на заедничката работа на мене и мојата ќерка“, вели Хетингер која следните неколку години ги поминала претставувајќи и продавајќи го својот изум. Но, заработката била толкава колку да ги покрие трошоците на производство.

Патентот го осигурала во 1997 година, а баш кога изгледало дека се би можело да тргне во вистинска насока, големиот произведувач на играчки „Hasbro“ во 2005та година се откажал од производството на „spinner“,а се откажала и Хетингер која тогаш престанала да плаќа одржување на патентот.

Големата грешка не ја предомислила. Продолжила да ја работи таа работа како би можела да си ги плати сметките, а работи и како советничка на изумители во Флорида. Ја почнала кампањата на „Кикстартер“ како би почнала да произведува оригинални „spinner“ играчки, но ситуацијата во овој момент не буди премногу надеж за позитивен исход.

Некои медиуми пишуваат дека Хетингер не е изумител на оваа интересна играчка, а таа сама рекла за Блумберг дека не знае дали нејзиниот патент би можел да се примени на денешните спинери.

Експертите за патенти исто така се скептични. Како што стојат работите, како и после секој тренд, веќе по неколку месеци веројатно нашите деца и ние, целосно ќе заборавиме на него.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »