Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Гордо ја пренесуваме веста дека е постигнат договор помеѓу Мотиви и Батлер Телеком од САД.

Според договорот, Мотиви ќе ангажира 50 нови вработени до крајот на 2022 година, на разни позиции кои ќе работат на задачи наменети за телеком индустријата во САД. Најголем дел од позициите вклучуваат инженери, оператори и други помошни позиции.

Сите ангажирани лица ќе добијат соодветна обука од врвни експерти од областа на телекомуникации од САД и Македонија. Очекуваме во текот наследните 3-5 години оваа бројка повеќекратно да се зголеми на стотици ангажирани работници.

Повеќе информации за конкретните можности за вработување ќе се објават следните денови ексклузивно на сервисот за огласи КАРИЕРА.мк, како и motivi.mk

Промовирани огласи »

На интернет има многу огласи каде граѓаните бараат дополнителна работа. Тие наведуваат какви квалификации и работно искуство имаат, а бараат да работат дополнителна работа по 16 часот или за викенди.
 

Некои нагласиле дека бараат дополнителна работа од 20 до 25 часа неделно, со тоа што обврските би ги обавувале наутро или навечер. Многу од овие лица живеат во главниот град. Велат дека за да си обезбедат нормален живот, потребно е да имаат дополнителни приходи, затоа што секојдневно имаме поскапувања и трошоците за живот растат. Го жртвуваат своето слободно време, за да не се стегаат од 1-ви до 1-ви и да зависат само од платата.

„Успеав да најдам дополнителна работа по два месеци и можам да кажам дека навистина е тешко. Зборувам за реална работа, со реални работни часови, а не за работа од дома. Имам редовна работа, сама сум, не сум мажена, немам деца, но со мојата плата не можам да си дозволам лагоден живот. Значи не зборувам за луксузен, туку за лагоден живот, односно да си дозволам нешто повеќе без при тоа строго да водам сметка и да се пресметувам колку и за што трошам. Тешко е да се најде дополнителна работа во Скопје, а за во помалите градови веројатно е уште потешко. Државата треба да ја регулира дополнителната работа, за да не биде тоа сива зона, сива економија, туку за таа работа уредно да се плаќаат даноци,  па и придонеси. Вака кога барав дополнителна работа, и кога ќе кажев дека сум вработена, некако газдите имаа страв да не им се јават потоа проблеми со инспекции, и не сакаа да ме примат“, вели Весна од Скопје.

Жените често бараат да чуваат деца, постари лица или да чистат со цел да заработат. Но, има и такви кои барале дополнителна работа, по што не успеале и кренале раце.

„Сите бараат втора работа поради финансии. Јас не успеав да најдам и се откажав“, додава друга скопјанка.

Преведување, правење на анкети, промовирање на производи, се само дел од ангажманите кои граѓаните ги избираат за да заработат плус.

„Наместо да одморам за викенд, често се случува да работам хонорарно, било што по пат на лични контакти, но тоа го правам за да заработам повеќе, и да бидам покомотна. Најдобро е човек да работи 8 часа, и да има сигурни и солидни проходи, но за жал во Македонија не е така“, додава Сања Михајловска.

Дека сѐ повеќе луѓе бараат  дополнителна работа, забележале и од агенциите кои посредуваат при вработување.

„Забележуваме зголемен број на огласи за хонорарно работење или вработување на пола работно време. Истовремено и интересот кај луѓето за овие огласи е голем, претпоставуваме дека на многу од луѓето во нашата држава им треба дополнителен приход на основните примања“, вели, Зорица Бужаровска Бошковска, генерален директор на KARIERA.mk.

Во месец април Македонија имала двоцифрена инфлација, што покажува дека стандардот на граѓаните паѓа. Државниот завод за статистика(ДЗС)  објави податоци дека индексот на трошоците на животот во април 2022 година, во однос на април 2021 година, бележи зголемување од 10.5 отсто, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 11.1 отсто. Инфлацијата во Македонија во споредба со просечната инфлација во Европа е далеку поголема.

Вредноста на Синдикалната минимална кошница за април 2022 година изнесува 38.104 денари, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија.

Извор faktor.mk

Промовирани огласи »


Сојузот на синдикати на Македонија објави денеска дека е потпишана спогодбата помеѓу синдикалната организација и раководството на АД Пошта со која на вработените ќе им се зголемат платите за 3.000 денари.


Со посредство на ССМ и претседателот Дарко Димовски, Синдикат на Македонска пошта, претставуван од претседателот Боро Велигденов и СО на АД Пошта на Северна Македонија претставуван од претседателот Младен Стојановски со Васко Стефанов, Директорот на Пошта на Северна Македонија по интензивните преговори и одржаниот Штрајк, на 09.05.2022 година потпишаа Спогодба за постигнување на согласност со која ќе биде регулирано зголемувањето на платите на вработените во технолошкиот процес во Пошта започнувајки од јуни 2022 година, а за раководен кадар од август 2022 година во висина од 623 бодови или изразено во паричен износ за 3.003 денари, соопшти ССМ.


Од таму додаваат дека претходно штрајкот завршил со успех на синдикатите и сите барања биле прифатени и се детално разработени во Спогодбата.„Социјалниот дијалог и учеството на ССМ во процесот на преговарање и организирање на штрајкот на вработените во АД Пошта го даде посакуваниот резулатат во интерес на работниците и работодавачот“, додаваат од синдикалниот сојуз.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »