Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги соопшти дека донела одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,13 отсто во однос на одлуката од 9 мај.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-) се намалуваат за 2,50 денари за литар, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, информираат од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Од полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 90,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 92,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 87,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 85,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 53,848 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,77 отсто, кај дизелот има намалување за 3,343 отсто, кај екстра лесното масло намалувањето е за 3,442 отсто и кај мазутот има намалување за 2,142 отсто.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,004 отсто.

Од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги посочуваат дека од полноќ ова се максималните цени на нафтените деривати. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, додаваат од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. 

Промовирани огласи »

До крајот на месецов операторите имаат рок да ги достават пресметките за трошоците и барањата, по што РКЕ ќе носи одлука за евентуално зголемување на цената на струјата. 

Новата цена на струјата ќе се знае следниот месец и ќе важи до крајот на годинава.

Првиот човек на Регулаторната комисија,  Марко Бислимовски, за Утрински  брифинг вели дека во овој момент нема поднесено барање за поскапување на струјата.

Операторите барањата треба да ги достават до крајот на месецот, па потоа Регулаторната комисија ќе заседава. На пазарот цената на струјата се движи од 220 до 230 евра за киловат час, а исто висока цена имаме и за цела 2023 година. Заштита од високи цени на струјата е зголемување на домашното производство. Тоа го видовме на почетокот од енергетската криза – Босна и Бугарија вишокот на струја го продадоа по многу високи цени и добро заработија, вели Бислимоски.

Последната корекција беше направен на крајот од 2021 година кога електричната енергија поскапе за околу 10 проценти.

Промовирани огласи »

Македонската Радио Телевизија, по инцидентот кој што се случи за време на официјалната церемонија за отворање на „Евросонг 2022“, кога нашата претставничка Андреа Коевска го фрли македонското знаме на тиркизниот тепих и по првичното Соопштение кое што беше објавено по реакциите на јавноста, детално ги разгледа сите аспекти за евентуалното повлекување на нашата претставничка од Евровизија.

Таквиот чекор во момент кога сите рокови за повлекување се поминати би предизвикал голема финансиска штета и други санкции кои што не се за занемарување.

Имено, со откажувањето би се загрозилo и учеството и отстапувањето на телевизиските права на сите други настани кои што Јавниот сервис ги добива како членка на Европската радиодуфузна мрежа.

Македонската Радио Телевизија ќе ги преземе сите законски решенија и дисциплински мерки по враќањето на нашата делегација од Торино, откако членовите ќе ги поднесат извештаите за случувањата на церемонијата.

Поради негативниот имиџ во јавноста на проектот „Евровизија“ што предизвикува негативен публицитет на МРТ, Уредничкиот колегиум на МРТ ја разгледува можноста од следната година Македонската Радио Телевизија веќе да не учествува на Изборот за песна на Евровизија, стои во соопштението на МРТ.

Промовирани огласи »

Носењето маски веќе нема да биде задолжително на аеродромите и на летовите во Европа, соопштија денеска Европската агенција за безбедност на воздушниот сообраќај и Европскиот центар за превенција и контрола на болести.

Како што наведуваат, новите препораки ќе стапат во сила од 16 мај.

Од следната недела, маските за лице веќе нема да бидат задолжителни во авионите, што во голема мера е во согласност со променливите барања на националните власти низ Европа, кога станува збор за јавниот превоз, изјави извршниот директор на Европската агенција за безбедност на воздушниот сообраќај, Патрик Ки.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »