Растат трошоците за живот. Во април потрошувачката кошница за 4 члено семејство надмина 38.000 денари, или за еден месец за истите производи, биле потребни дополнителни 1.337 денари.
Цените ќе продолжат да растат, стабилизирање се очекува до крајот на годината, а целосна контрола до првата половина од наредната, велат аналитичарите.
Според „Ценометар“ цените на маслото за јадење во изминатиот период се движеле од 125 до 165 денари за едно шише.
Најевтиното млеко е околу 44 денари, додека, согласно брендот, достигнува до 56 денари за литар.
Килограм банани може да најдете по цена од 60 до 70 денари, доматите низ маркетите се продаваат по цена од 90 до 140 денари, додека краставиците се поевтини, односно од 40 до 60 денари.
Табла јајца низ маркетите се продава по цена од 260 до 300 денари, меленото месо од 230 до 260 денари за килограм.