Промовирани огласи »

Носењето маски веќе нема да биде задолжително на аеродромите и на летовите во Европа, соопштија денеска Европската агенција за безбедност на воздушниот сообраќај и Европскиот центар за превенција и контрола на болести.

Како што наведуваат, новите препораки ќе стапат во сила од 16 мај.

Од следната недела, маските за лице веќе нема да бидат задолжителни во авионите, што во голема мера е во согласност со променливите барања на националните власти низ Европа, кога станува збор за јавниот превоз, изјави извршниот директор на Европската агенција за безбедност на воздушниот сообраќај, Патрик Ки.

Промовирани огласи »

Растат трошоците за живот. Во април потрошувачката кошница за 4 члено семејство надмина 38.000 денари, или за еден месец за истите производи, биле потребни дополнителни 1.337 денари.  

Цените ќе  продолжат да растат, стабилизирање се очекува до крајот на годината, а целосна контрола до првата половина од наредната, велат аналитичарите. 

Според „Ценометар“ цените на маслото за јадење во изминатиот период се движеле од 125 до 165 денари за едно шише. 

Најевтиното млеко е околу 44 денари, додека, согласно брендот, достигнува до 56 денари за литар. 

Килограм банани може да најдете по цена од 60 до 70 денари, доматите низ маркетите се продаваат по цена од 90 до 140 денари, додека краставиците се поевтини, односно од 40 до 60 денари. 

Табла јајца низ маркетите се продава по цена од 260 до 300 денари, меленото месо од 230 до 260 денари за килограм. 

Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Гордо ја пренесуваме веста дека е постигнат договор помеѓу Мотиви и Батлер Телеком од САД.

Според договорот, Мотиви ќе ангажира 50 нови вработени до крајот на 2022 година, на разни позиции кои ќе работат на задачи наменети за телеком индустријата во САД. Најголем дел од позициите вклучуваат инженери, оператори и други помошни позиции.

Сите ангажирани лица ќе добијат соодветна обука од врвни експерти од областа на телекомуникации од САД и Македонија. Очекуваме во текот наследните 3-5 години оваа бројка повеќекратно да се зголеми на стотици ангажирани работници.

Повеќе информации за конкретните можности за вработување ќе се објават следните денови ексклузивно на сервисот за огласи КАРИЕРА.мк, како и motivi.mk

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »