Министерот за економија на Македонија Крешник Бектеши истакна дека со ребалансот на Буџетот ќе има значително скратување на расходите во однос на непродуктивните трошоци и другите расходи на буџетските корисници. На овој начин, според Бектеши, се разгледува можноста доколку има потреба од нови мерки со единствена цел да им се помогнат граѓаните.
Тој додаде дека ги имаме потребните количества масло за задоволување на внатрешните потреби во гостување на ТВ 21.
Во јавноста е креирано мислење дека ние 100 проценти увезуваме од Србија, што не е точно. Нерафирано масло и сончоглед, Македонија главно увезува од Република Бугарија и моментално се увезува од Украина, затоа што трговците, сигурно во соработка со државните институции, отвориле различни коридори за да се увезува маслото, изјави Бектеши.
На прашање како е одлучено да се извезува маслото за јадење во Албанија, истакна дека ситуацијата треба да ја менаџираме заеднички како регион.
Со цел да бидеме посолидарни и да ја зголемиме трговската размена меѓу нашите држави мислевме дека е соодветно да извезуваме рафинирано масло за јадење. Што се однесува до нерафинираното масло и сончогледот, моментно имаме доволни количества за производство. Намалувањето на цената на маслото за готвење зависи од светската берза и увозните цени. Но, ако се отворат сите коридори на увезување од Украина, која е најголемиот производител на сончоглед не само во Европа, туку и пошироко, тогаш верувам дека ќе имаа стабилизирање на цените, изјави Бектеши.