Американската компанија Зутоби, која е специјализирана за едукација за безбедностa на патиштата и обука на возачи, спроведе нова студија за најбезбедните и најопасните земји за возење.
Листата вклучува 53 земји ширум светот, но во неа ја нема Македонија, за разлика од останатите држави од Балканот. Во анализата се земени следниве индикатори- ограничување на брзината на автопатиштата, користењето на безбедносниот појас, ограничувањето на количеството алкохол во крвта и степенот на смртност во сообраќајот. Така е изработена листата на десетт најопасни и десетте најсигурни земји во светот.
Најопасна земја за возење е Јужна Африка, која има многу низок безбедносен индекс, само 3,41 поени од 10. Се проценува дека во оваа земја има 22,2 смртни случаи во сообраќајот на 100.000 жители, а само 31 отсто од патниците на предните седишта се врзани со безбедносни појаси.
Втора земја на листата на најопасни е Тајланд со само 4,35 поени. Тоа е затоа што има една од најниските стапки на користење на безбедносните појаси, но и фактот дека мотоциклите се главното транспортно средство што се користи во земјата.
Додека Јужна Африка и Тајланд се уште се земји во развој, третото место на листата го зазема САД, кои добија само 5,03 од 10 поени. Причината за ова е што 29 сообраќајни жртви се припишуваат на алкохол, што е бројка што се совпаѓа со границата на високата концентрација на алкохол во крвта што ја забележале возачите таму: 0,08 проценти.
Според Зутоби, Аргентина се наоѓа на четвртото место на неславната листа, а уште еден впечатлив податок што го покажува студијата е многу голем пораст на стапката на смртност од сообраќајни несреќи во Индија, од 15,6 на 22,6 отсто на 100.000 жители. Тоа е зголемување за повеќе од 50 проценти.
Шестата и седмата најопасна земја за возење и двете со индекс 5,63/10 се Хрватска и БиХ, и се единствените две европски земји на листата на најопасни бидејќи на последните три места од десет се Малезија, Перу и Боливија.
Од друга страна, водечката земја по безбедност е Норвешка, со оценка 8,20 од 10. Оваа нордиска земја има многу ниска стапка на смртност во сообраќајот, а употребата на безбедносниот појас е широко распространета, што ги објаснува добрите резултати.
Втора најбезбедна земја за возење е Исланд со 8,05 поени. Интересно е што во оваа земја ограничувањето на брзината е поставено на 90 km/h, што е очигледно пониско од просекот на земјите кој е 120 km/h.
Третото место меѓу најбезбедните е Естонија, која постигна 7,90, благодарение на една од највисоките стапки на употреба на сигурносни појаси (97,3 проценти), додека границата на концентрација на алкохол во крвта кај возачите е една од најниските: 0,02 проценти. По нив следат Јапонија и Молдавија со оценки 7,88 и 7,73, што значи дека четири од петте најбезбедни земји во светот се на Стариот континент.