Промовирани огласи »

Цените на авионските билети летово ќе пораснат поради големата побарувачка за одмор во Европа, соопшти „Рајанер“. Шефот на авиокомпанијата Мајкл О’Лири изјави за Би-би-си дека очекува цените на летовите да се зголемат за неколку отсто.

О’Лири вели дека пониските цени на авиобилетите моментално го поттикнуваат растот на бројот на патниците и на тој начин му помагаат на „Рајанер“ да закрепне од пандемиската криза. Тој се надева дека фирмата ќе има профитабилност во тековната финансиска година.

Компанијата објави годишен профит од 355 милиони евра и соопшти дека на закрепнувањето влијаат укинувањето на епидемиолошките мерки и војната во Украина. Војната во Украина ја зголеми цената на нафтата на глобално ниво, а неможноста да се увезе гориво за авиони од Русија создава дополнителен проблем.

Загубата на „Рајанер“ до 31 март беше помала од очекуваното. Минатата година компанијата мораше да се соочи со загуба од 1,02 милијарди евра.

Првиот човек на компанијата вели дека очекува до јуни цените да бидат пониски, но ако се суди по резервациите тие ќе бидат повисоки во текот на летото.

Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Американската компанија Зутоби, која е специјализирана за едукација за безбедностa на патиштата и обука на возачи, спроведе нова студија за најбезбедните и најопасните земји за возење.

Листата вклучува 53 земји ширум светот, но во неа ја нема Македонија, за разлика од останатите држави од Балканот. Во анализата се земени следниве индикатори- ограничување на брзината на автопатиштата, користењето на безбедносниот појас, ограничувањето на количеството алкохол во крвта и степенот на смртност во сообраќајот. Така е изработена листата на десетт најопасни и десетте најсигурни земји во светот.

Најопасна земја за возење е Јужна Африка, која има многу низок безбедносен индекс, само 3,41 поени од 10. Се проценува дека во оваа земја има 22,2 смртни случаи во сообраќајот на 100.000 жители, а само 31 отсто од патниците на предните седишта се врзани со безбедносни појаси.
Втора земја на листата на најопасни е Тајланд со само 4,35 поени. Тоа е затоа што има една од најниските стапки на користење на безбедносните појаси, но и фактот дека мотоциклите се главното транспортно средство што се користи во земјата.

Додека Јужна Африка и Тајланд се уште се земји во развој, третото место на листата го зазема САД, кои добија само 5,03 од 10 поени. Причината за ова е што 29 сообраќајни жртви се припишуваат на алкохол, што е бројка што се совпаѓа со границата на високата концентрација на алкохол во крвта што ја забележале возачите таму: 0,08 проценти.

Според Зутоби, Аргентина се наоѓа на четвртото место на неславната листа, а уште еден впечатлив податок што го покажува студијата е многу голем пораст на стапката на смртност од сообраќајни несреќи во Индија, од 15,6 на 22,6 отсто на 100.000 жители. Тоа е зголемување за повеќе од 50 проценти.
Шестата и седмата најопасна земја за возење и двете со индекс 5,63/10 се Хрватска и БиХ, и се единствените две европски земји на листата на најопасни бидејќи на последните три места од десет се Малезија, Перу и Боливија.

Од друга страна, водечката земја по безбедност е Норвешка, со оценка 8,20 од 10. Оваа нордиска земја има многу ниска стапка на смртност во сообраќајот, а употребата на безбедносниот појас е широко распространета, што ги објаснува добрите резултати.

Втора најбезбедна земја за возење е Исланд со 8,05 поени. Интересно е што во оваа земја ограничувањето на брзината е поставено на 90 km/h, што е очигледно пониско од просекот на земјите кој е 120 km/h.

Третото место меѓу најбезбедните е Естонија, која постигна 7,90, благодарение на една од највисоките стапки на употреба на сигурносни појаси (97,3 проценти), додека границата на концентрација на алкохол во крвта кај возачите е една од најниските: 0,02 проценти. По нив следат Јапонија и Молдавија со оценки 7,88 и 7,73, што значи дека четири од петте најбезбедни земји во светот се на Стариот континент.

Промовирани огласи »

На колку работни места имате аплицирано во последниот период? На колку интервјуа бевте повикани до сега? Доколку одговорот на овие прашања ве загрижува, KARIERA.mk е тука да го олесни твојот пат до работната позиција од соништата! Разгледај ги опциите, можеби твоето ново работно место е токму меѓу нив.
 

Прекрасниот ресторан RAGUSA360 вработува:

Ресторанот КАЛАБАЛАК има потреба од персонал:

Ако сте економист и барате работа СИЛК РОУД БАНКА вработува на следниве позиции:

МЕРЕ маркети се трети по големина Руски ланец на маркети кој работи од 2009 година, под брендот СВЕТОФОР во Русија.Присутни сме во повеќе од 20 земји меѓу кои се Шпанија ,Кина,Германија,Србија итн. Моментално вработуваат на следниве работни позиции:

Прекрасниот хотел DOUBLE TREE BY HILTON го зголемува својот персонал за работа и вработува на следниве позиции:

 Танцов Фитнес Клуб Сонриса вработува  ИНСТРУКТОРИ ПО ТАНЦ/ПИЛАТЕС/ЗУМБА/ОРИЕНТАЛЕН СТОМАЧЕН ТАНЦ

CASINO STAR има потреба од ОПЕРАТОРИ

Балкан Мастер Скопје има продавници во Скопје во кои се продаваат производи на италијански моден бренд со повеќе од 40 години традиција. Поради тоа, се бараат ПРОДАЖНИ АСИСТЕНТИ со полно (40 часа) или скратено работно време (20 или 25 часа), со следниве квалификации:

РЕСОРТ МАВРОВО со многу отворени работни позиции:

Сите активни огласи во моментов погледни ги на KARIERA.mk 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »