(преземи го огласот како слика)
Работни одговорности на Собар/ка или Хигиеничар/ка во Ресорт Маврово:
- Одржување на хигиената во гостинските соби на хотелот;
- Се грижи за хигиената во јавните простории во хотелот;
- Помага при работните задачи во перална;
- Други одговорности соодветни на работното место Собарка.
Карактеристики кои нашиот идеален кандидат треба да ги поседува:
- Проактивна, вредна и енергична личност;
- Одговорност и посветеност кон работата;
- Педантност во работата;
- Тимски играч и колегијалност;
- Лојалност и чесност;
- Желба за личен раст и развој;
- Брзина и ефикасност во вршење на работните задачи.
Потребни квалификации:
- Предност имаат кандидати со живеалиште во Гостивар и околината или Општина Маврово и Ростуше;
- Мин. ССС;
- Искуство на слична работна позиција ќе се смета за предност;
- Работа во две смени.
Доколку станете наш вработен добивате:
- Сместување и 3 оброци;
- Платени трошоци за превоз;
- 8 слободни денови во месецот;
- Можност за користење на теретана и спа центар;
- Попуст за сместување на најблиските во нашите хотели;
- Бесплатна карта за жичарница;
- Можност за обуки, напредок, награди, тим билдинг активности.
Локација: Ресорт Маврово – Маврово
Тип на вработување: Полно работно време
Како да аплицирате:
Пратете ни го Вашето CV и Мотивационо писмо на следниот меил: [најави се за да го видиш е-маилот] и во subject наведете за кое работно место во Сектор Перална аплицирате, Собарка или Хигиеничар/ка.
Лице за контакт: Димитрија Ристевски - Човечки ресурси, Ресорт Маврово.
Рок за пријавување на огласот: 31.05.2022
Disclaimer:
- Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми и компетенции и кои ќе имаат комплетна апликација;
- Кандидатите во процесот на селекција ќе бидат тестирани;
- Кандидатот со испраќање на апликацијата се согласува истата да остане во базата на кандидати на компанијата;
- Ресорт Маврово е горд работодавач кој дава еднаква шанса на сите.