Референт во служба за производи и поддршка на продажбата

За компанијата: Банката е формирана во 1993 година како една од првите приватни банки во земјата под името Кредитна Банка АД Скопје. Од мај 2016 година, Банката работи под името Силк Роуд Банка АД Скопје и е единствена банка во Р. Македонија и регионот со 100% швајцарски капитал. повеќе за компанијата »

(преземи го огласот во Word)

Оглас за вработување
на референт во Служба за производи и поддршка на продажбата

во Силк Роуд Банка АД Скопје

 

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.

Банката вработува РЕФЕРЕНТ во Служба за производи и поддршка на продажбата.   

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните обврски:

  • Соработува со широк спектар на функционални области како продажба, оперативно работење и дизајнирање на специфични маркетинг планови за секој назначен бренд (производ)
  • Учествува активно во 5 видови на активности: рекламирање, промоција на производи, работа со трговци, комуникација со корпорации и општествена одговорност и спонзорство
  • Го води животниот процес на маркетингот за назначените брендови
  • Учествува во развивање и имплементирање на маркетинг планови за назначените брендови
  • Функционира како посредник за размена на информации за назначените брендови
  • Го поддржува развојот на стратегиите за развој на брендот (производите) и маркетинг планот во организацијата
  • Изработува брифинзи за поддршка на брендовите (линија на производи)
  • Управува со секојдневните активности поврзани со сите маркетиншки заложби, вклучително и следење на кампањите и поднесување на извештаи
  • Ги управува буџетите и финансиите поврзани со кампањите за брендот (производот)
  • Помага во управувањето со агенциите трети страни
  • Ги креира и развива производите и услугите од областа на депозитите за население и кредитните производи, предлага нови производи и врши измена на постојните со цел исполнување на потребите на различни пазарни сегменти и максимизирање на профитабилноста
  • Го следи напредокот на постојните производи (продажба, трошоци, профитабилност и други), ги споредува резултатите со домашниот развој на пазарот и конкуренцијата, ги информира соодветните единици/органи на банката соодветно и предлага соодветни активности
  • Ги следи, собира и елаборира основните податоци коишто се однесуваат на портфолиото на производите, карактеристиките на производите и напредокот на производите/услугите во нивниот животен век, развој на конкурентските производи, нови услуги, политика на цени и промотивни програми како и анализи на условите на пазарот
  • Ги собира и процесира информациите за постигнатите резултати
  • Ги развива и проширува продажните канали за производите и услугите за население преку градење блиски и продуктивни соработки со експозитурите, клиентите и трети страни
  • Во соработка со соодветните деловни единици на банката, ги осмислува и спроведува промотивните активности, со цел да се задоволат потребите на различните пазарни сегменти и да се максимизира профитабилноста.

Избраниот кандидат треба да поседува:

  • Универзитетска диплома во областа на економија, финансии и банкарство
  • Најмалку 1 година искуство, пожелно во областа на маркетинг и алтернативни канали на продажба
  • Одлично познавање на MS Office (Word, Excel, Power Point)
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Добро познавање на локалниот пазар
  • Добро познавање на банкарските производи
  • Добри организациски и комуникациски вештини
  • Можност за самостојна работа
  • Флексибилност

Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик на [најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака за “референт во Служба за производи и поддршка на продажбатанајдоцна до 20.05.2022 година.

Ве молиме во Вашите апликации не доставувајте сензитивни податоци како националност, вероисповест како и детали за вашиот приватен живот.

Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контактирани заради спроведување на интервју или тестирање.

Сите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Со доставувањето на Вашата апликација ќе се смета дека се согласувате Банката да може да ги обработува Вашите лични податоци за потребите на процесот на вработување.

Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото до Офицерот за заштита на лични податоци на e-mail адресата   [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »