(преземи го огласот како слика)
Работни одговорности на Келнер во Ресорт Маврово:
- Ги пречекува и љубезно ги послужува гостите во ресторанот;
- Врши наплата на порачаната храна и пијалоци;
- Комуницира со останатите сектори и одговара на барањата на гостите;
- Други одговорности соодветни на работното место Келнер.
Работни одговорности на Шанкер во Ресорт Маврово:
- Подготвува пијалоци во согласност со нарачките од гостите во ресторанот;
- Се грижи за одржување и хигиена во работниот простор;
- Води евиденција за залихата на пијалоци;
- Други одговорности соодветни на работното место Шанкер.
Работни одговорности на Помошник во ресторан во Ресорт Маврово (може и кандидати без искуство):
- Ги подготвува соодветно масите, поставува сервис и прибор за јадење;
- Помага при послужување на гостите;
- Се грижи за хигиената во ресторанот;
- Други одговорности соодветни на работното место Помошник во ресторан.
Карактеристики кои нашиот идеален кандидат треба да ги поседува:
- Ориентиран кон задоволство на гостите;
- Да е љубезна, ведра и насмеана личност;
- Лојалност и чесност;
- Проактивна, вредна и енергична личност;
- Одговорност и посветеност кон работата,
- Високо ниво на комуникациски вештини;
- Тимски играч и колегијалност;
- Работа под притисок и мултитаскинг, личност која има решение за секој предизвик;
- Желба за личен раст и развој;
- Брзина и спретност.
Потребни квалификации:
- Познавање на англиски јазик се смета за предност;
- Минимум ССС (високо образование се смета за предност);
- Искуство во угостителство ќе се смета за предност, но не е задолжително;
- Работа во две смени.
Доколку станете наш вработен добивате:
- Сместување и 3 оброци;
- Платени трошоци за превоз;
- 8 слободни денови во месецот;
- Можност за користење на теретана и спа центар;
- Попуст за сместување на најблиските во нашите хотели;
- Бесплатна карта за жичарница;
- Можност за обуки, напредок, награди, тим билдинг активности.
Локација: Ресорт Маврово – Маврово
Тип на вработување: Полно работно време
Како да аплицирате:
Пратете ни го Вашето CV и Мотивационо писмо на следниот меил: [најави се за да го видиш е-маилот] и во Subject наведете за кое работно место во Сектор Ресторан аплицирате, Келнер, Шанкер или Помошник во ресторан.
Лице за контакт: Димитрија Ристевски - Човечки ресурси, Ресорт Маврово.
Рок за пријавување на огласот: 05.06.2022 год.
Disclaimer:
- Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми и компетенции и кои ќе имаат комплетна апликација;
- Кандидатите во процесот на селекција ќе бидат тестирани;
- Кандидатот со испраќање на апликацијата се согласува истата да остане во базата на кандидати на компанијата;
- Ресорт Маврово е горд работодавач кој дава еднаква шанса на сите.