(преземи го огласот како слика)
Работни одговорности на Готвач во Ресорт Маврово:
- Подготвува храна во согласност со нарачките од гостите во ресторанот (шведска маса, пансионски оброци, a la carte);
- Подготвува оброци за вработените;
- Економично управува со залихите на производи;
- Ја организира работата во кујна во неговата / нејзината смена во согласност со насоките кои ги дава Шефот на кујна;
- Други одговорности соодветни на работното место Готвач.
Работни одговорности на Помошник готвач во Ресорт Маврово:
- Подготвува храна во согласност со нарачките од гостите во ресторанот, како и за вработените;
- Работа на скара, фритези, припреми за нарачки за нареден ден;
- Се грижи за одржување и хигиена во работниот простор согласно стандардите;
- Помага при извршување на задачите зададени од главниот готвач;
- Други одговорности соодветни на работното место Помошник готвач.
Работни одговорности на Салатер во Ресорт Маврово:
- Подготвува салати во согласност со нарачките од гостите во ресторанот и се грижи за одржување на суровините потребни за истите;
- Се грижи за одржување и хигиена во работниот простор согласно стандардите;
- Помага при извршување на задачите зададени од главниот готвач;
- Други одговорности соодветни на работното место Салатер.
Работни одговорности на Мијач на садови во Ресорт Маврово (може и кандидати без искуство):
- Навремено миење на садовите и тавите потребни за работа и готвење;
- Се грижи за одржување и хигиена во работниот простор и инвентар согласно стандардите;
- Помага при извршување на задачите зададени од главниот готвач;
- Други одговорности соодветни на работното место Мијач на садови.
Карактеристики кои нашиот идеален кандидат треба да ги поседува:
- Организациски вештини;
- Проактивна, вредна и енергична личност;
- Одговорност и посветеност кон работата,
- Лојалност и чесност;
- Тимски играч и колегијалност;
- Работа под притисок и мултитаскинг, личност која има решение за секој предизвик;
- Желба за личен раст и развој;
- Брзина и спретност;
- Педантност во работатa.
Потребни квалификации и одговорности:
- Искуство во работење во кујна ќе се смета за значајна предност;
- Одлично познавање на македонска и странски кујни;
- Способност за работа со шведска маса, пансионски оброци и ‘A la carte’;
- Работа во две смени.
Доколку станете наш вработен добивате:
- Сместување и 3 оброци;
- Платени трошоци за превоз;
- 8 слободни денови во месецот;
- Можност за користење на теретана и спа центар;
- Попуст за сместување на најблиските во нашите хотели;
- Бесплатна карта за жичарница;
- Можност за обуки, напредок, награди, тим билдинг активности.
Локација: Ресорт Маврово – Маврово
Тип на вработување: Полно работно време
Како да аплицирате:
Пратете ни го Вашето CV и Мотивационо писмо на следниот меил: [најави се за да го видиш е-маилот] и во Subject наведете за кое работно место во Сектор Кујна аплицирате, Готвач / Помошник готвач / Салатер или Мијач на садови.
Лице за контакт: Димитрија Ристевски - Човечки ресурси, Ресорт Маврово.
Рок за пријавување на огласот: 05.06.2022
Disclaimer:
- Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми и компетенции и кои ќе имаат комплетна апликација;
- Кандидатите во процесот на селекција ќе бидат тестирани;
- Кандидатот со испраќање на апликацијата се согласува истата да остане во базата на кандидати на компанијата;
- Ресорт Маврово е горд работодавач кој дава еднаква шанса на сите.