Промовирани огласи »

Во соработка со Министерството за внатрешни работи, во секое маало во Општина Центар се враќаат полициските редари-позорникари. Оваа информација пред граѓаните во населбата Пролет ја сподели градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Тој во присуство на двајца полициски службеници и инспектор за превенција на криминалитет при СВР Скопје, рече дека со овие маалски патроли, кои се враќаат најпрво во Општина Центар, ќе се зголеми безбедноста и спокојот на граѓаните.

Враќањето на позорникарите во маалата беше барање но и реална потреба за граѓаните и мило ми е што со МВР успеавме да го реализираме. Отсега секое маало во Општина Центар ќе биде покриено со 1 до 2-ца позорникари кои ќе патролираат и ќе ги заштитуваат граѓаните. Доколку ги сретнете низ вашето маало запознајте се и побарајте совети како да го заштитите вашиот дом од кражби, кои се сѐ почести во летниот период. Во минатото маалските полицајци беа симбол на безбедноста во едно маало, а родителите беа сигурни да ги пуштаат децата на улица безгрижно да играат. Се надевам дека оваа сигурност повторно ќе ни се врати, затоа што полицајците позорникари ќе бидат нашите пријатели – заштитници, рече Герасимовски пред граѓаните.

Полициските службеници пред граѓаните споделија основни совети за подигнување на безбедноста на домовите, при што ги поттикнаа доколку приметат нешто сомнително, да го пријават на телефонскиот број 192.

Инаку, маалскиот-полицаец треба да превенира и да обезбеди безгрижна детска игра надвор и безбедно враќање на тинејџерите дома. Тој го заштитува животот, личната сигурност и имотот на граѓаните, спречува извршување на казниви дела и загрозување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, укажува потребна помош и заштита на граѓаните и врши набљудување на подрачјето и безбедносната состојба во населбата.

Промовирани огласи »

Од 1 јуни привремено се укинува задолжителната маска и во внатрешните објекти во Грција, со исклучок на болниците, домовите за стари лица и јавниот градски сообраќај, соопшти попладнево министерот за здравство Танос Плеврис, јави дописничката на МИА од Атина.

Плеврис рече дека одлуката е по препораката од надлежната комисија на епидемиолози и ќе важи до 15 септември 2022 година.

Маската повеќе нема да биде задолжителна за затворените простори, но и за авионите и за превозните средства со нумерирани седишта, како што се возовите и меѓуградските автобуси.

Министерот за здравство на Грција објасни дека маската и понатаму ќе биде задолжителна во болниците, домовите за нега на стари лица и слични институции, како и во јавниот градски превоз, како што се автобусите, метрото, трамваите и тролејбусите.

За употребата на маската во образовните институции и во бродскиот сообраќај, Комисијата на епидемиолози, како што рече Плеврис, ќе одржи нов состанок следната седмица.

-Укинувањето на задолжителната употреба на маска значи дека нема да се изрекува административната казна, но сепак останува охрабрувањето и препораката, дека ќе треба да се користи маската во сите простори, особено за населението кое припаѓа на ранливите категории, рече Плеврис.

Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Одгледувачите на свињи и производителите на свинско месо бараат зголемување на цената на свинското месо. Во моментов производната цена е 100 денари за килограм жива мера. Потпретседателот на Асоцијација на земјоделци и одгледувач на свињи, Гоце Сарафимов вели дека одгледувачите бараат производната цена на свинско месо да изнесува 150 денари.

-Ние како производители на свинско месо бараме да се покаче цената, но се уште нема ништо. По месарите и супер маркетите не знаеме што ќе се случува. Инаку трошоците се многу покачени во однос на лани, еве да речеме храната за свињите е покачена 100 посто, а исто така и стујата е покачена, а цената на свинското е уште иста. Лани беше 100 денари и сега е 100 денари. Реално производната цена треба да биде најмалку 150 денари, вели Сарафимов.

Посочи дека од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство имале субвенции од 1.500 денари за продаден товеник, за месеците февруар, март и април, но зголемените трошоци веќе се чувствуваат со намалување на бројот на свињи. Сарафимов истакна дека трендот на намалување е почнат во велешкиот регион, каде што во три фарми е намален бројот на мајки.

Економистите сметаат дека увозната инфлација во државата граѓаните допрва ќе ја почувствуваат. Според штипскиот економист и аналитичар, Глигор Ивановски, покачувањето на цените на основните продукти за живот, влијаат врз џебот на граѓаните, но ова е состојба која не може да се избегне бидејќи е настаната заради случувањата надвор од државата. Основните производи за живот мора да се купат и покрај тоа што нивната цена е покачена, а идентична е ситуацијата и со нафтените деривати и струјата.

Според Ивановски, сѐ што не е присутно во државата ќе го има, но по многу повисоки цени, инфлацијата е пожелна во одредени случаи, кога е во контролирани рамки од 1 до 2 отсто на годишно ниво. Но, сегашната состојба, истакнува, зборува за инфлација која е поголема и чии негативни влијанија обичниот граѓанин дополнително ќе ги чувствува.

Дали ќе се покачи цената на месото или не, останува да видиме.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »