Промовирани огласи »

Wizz Air, најбрзо растечката авиокомпанија за ултра евтини летови во Европа* која воедно е и една од најодржливите, денес прославува 18 години од работење во Европа. По повод својата годишнина, авиокомпанијата им нуди на своите клиенти попуст од 18% на сите летови во мрежата на WIZZ **. Намалените авионски карти се достапни само денес, 19 мај, 2022.

За време на своите 18 години постоење, уште од првиот лет во 2004 на Катовице – Лондон Лутон рутата, Wizz Air константно ја проширува својата мрежа на рути и флотата на авиони. Исто така, од како беше направен првиот лет од Северна Македонија во 2012, авиокомпанијата им нуди на своите македонски клиенти поволни алтернативи по ниски цени до различни дестинации насекаде низ Европа и не само тоа, денес имаме летови од 2 аеродроми во земјата.

Wizz Air нуди широк спектар на нискобуџетни летови до најатрактивните локации во Европа. Картите се достапни за резервација, онлајн на wizzair.com како и преку мобилната апликација. Изненадете ги вашите пријатели, вашето семејство или самите себе со карта до посакуваната дестинација, без разлика дали станува збор за сончева плажа, прошетка во некој од најубавите градови или посета на странска дестинација.

*Базирано на Sustainalytics Rating

Оваа промоција важи само на 19 maj 2022 година од 00.00 до 23.59 часот по средноевропско време („Промотивен период“). Попустот од 18% се однесува на билетот, без административна такса. Попустот од 18% се однесува само на избраните летови достапни на wizzair.com и мобилната апликација WIZZ за време на промотивниот период. Периодот на патување е неограничен. Промоцијата се однесува само на резервации направени на wizzair.com или на мобилната апликација. Промоцијата не важи за групни резервации.

Промовирани огласи »

Снимката од работниците кои еден по еден храбро го напуштаат своето работно место само затоа што нивните колеги останале без работа, инспирираше и допре многумина.

Антуан Дангерфилд е 30-годишен заварувач кој успеал да сними видео на кое може да се види како стотина вработени, претежно Мексиканци, заминува оставајќи го погонот без работници.

Заминуватењето на работниците се случило откако еден од нивните шефови, којшто уште го нарекуваат “расист“, избркал помал број на вработени поради наводна непослушност.

За краток временски рок, видеото е погледнато над 1 милион пати, а Антуан откри дека му понудиле 250 долари за да го отстрани, што нормално, тој тоа го одбил бидејќи видел дека видеото станува популарно – што всушност доведе до почеток на мала револуција.

НИЕ ИМАМЕ МОЌ

Солидарност. Од тоа произлегува сила. Сум била работничка, сум била и шефица, а како работник единствената сила ти доаѓа од солидарноста – а неа не може да ја уништи ниту една управа. Затоа се обидуваат да ги укинат синдикатите– коментираше една жена.

“Работниците треба да се потпрат еден на друг и да стојат заедно против работодавците кои ги експлоатираат“, “Ние имаме моќ – не они“, пишуваа многумина под ова инспиративно видео.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика најави воведување на блок тарифи за потрошувачката на електричната енергија, односно оние што трошат најмногу ќе плаќаат и најскапо. Идејата за блок тарифи дојде од ни помалку ни повеќе туку како што нагласија и регулаторите 17 семејства кои во државата трошат дури 10 проценти од вкупната потрошувачка на електрична енергија. Поради нив најверојатно на сите сметките за струја ќе им бидат корегирани и тоа се очекува да биде во нагорна линија.

За какви објекти всушност се работи? ТВ21 објави список на најголемите потрошувачи на струја во земјава.

Според овој список на листата се наоѓаат верски објекти, цркви и џамии, супермаркети, хотел, студентски домови, приватно училиште и други. Куќа на бизнисмен во Злокуќани е исто така на оваа листа.

Иако најмногу трошат струја овие 17 семејства редовно си ги плаќаат сметките. Цената на електричната енергија за домаќинствата е регулирана и граѓаните ја плаќаат за 41 евро за мегават час, додека пазарната цена е пет пати повисока. Не се исклучува можноста домаќинствата што најмногу трошат електрична енергија да ја плаќаат по пазарна цена.

Промовирани огласи »

Општина Аеродром и оваа година доделува еднократна парична помош на семејствата со прваче во висина од 3.500 денари, за што се издвоени 3.100.000 денари од буџетот.

Родителите на првачињата запишани во едно од училиштата на територијата на Општината можат да поднесат барање за еднократната парична помош до архивата на Општина Аеродром од денеска до 30.9.2022 година. Образецот може да се подигне на линкот: http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari.

Во прилог на барањето е потребно да се достават следниве документи:

Потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2022/2023 година заверена од основно училиште од територијата на Општина Аеродром;
Фотокопија од извод од матичната книга на родените (за првачето);
Фотокопија од важечка лична карта или патна исправа на еден од родителите, од која се видни податоците за живеалиштето во Општина Аеродром;
Фотокопија од активна трансакциска сметка на истиот родител (даночен обврзник) од кој е приложена копија од личната карта или патната исправа.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »