Промовирани огласи »

Доколку правите свадба ви следуваат три слободни денови, а доколку сте станале татко, тогаш добивате два дена според закон.  Работникот има право на надоместок на платата за целото време на отсуство во случаите и во траење определени со закон, како и во случаите кога не работи од причини на страната на работодавачот.

Работникот има право на платен одмор заради склучување на брак, раѓање на дете, што се однесува на таткото, или с*рт на близок роднина, до седум работни дена.

Ова е табелата за според општиот колективен договор.

  • за склучување на брак…………………………….. 3 дена
  • за склучување брак на дете……………………… 2 дена
  • за раѓање или посвојување дете……………….. 2 дена
  • за с*рт на сопружник или дете………………… 5 дена
  • за с*рт на родител, брат, сестра……………….2 дена
  • за с*рт на родител на сопружник…………….. 2 дена
  • за с*рт на дедо или баба…………………………… 1 ден
  • за полагање на стручен или друг испит за потребите на работодавачот до.…………… 3 дена
  • за елементарни непогоди до……………………. 3 дена

Исто така, работникот има право на отсуство од работа со надоместок на плата за празниците на Република Македонија, кои што се определени како слободни денови од работа и за другите со закон определени слободни денови. Ова право на работникот може да му се ограничи, ако работниот, односно производниот процес се одвива непрекинато или природата на работата бара вршење на работата и на празничен ден. Во тој случај работодавачот е должен за секое воведување на работа на државен празник претходно писмено да го извести подрачниот државен инспектор на трудот. Работникот има право на отсуство од работа со надоместок на плата во случаи на времена неспособност за работа поради заболување или повреда и во други случаи во согласност со прописите на здравственото осигурување.

Право на отсуство од работа со надоместок на плата има работникот заради вршење на непрофесионална функција, на која бил избран на непосредни државни избори, функции, односно должности на кои е именуван од страна на судот, како и работникот кој е повикан на должноста воен обврзник, како и на изведување на одбранбени должности и должностите на заштита и спасување, освен служење на воениот рок, или е без вина повикуван од управни или судски органи (државни советници, членови на општински совети, советници на општини, судии-поротници, судски вештаци, проценители, преведувачи, воени обврзници и друго), на товар на органот или установата каде што ја врши функцијата, односно каде што ја извршува обврската од посебен закон.

Работникот кој доброволно дава крв има право на отсуство од работа на два последователни работни дена за секое давање крв, а слободни денови следуваат и за работници кои се школуваат.

Промовирани огласи »

Владата денеска ги прифати и измените и дополнувањата на Законот за плати на јавните обвинители.

Со предложените одредби се прилагодува коефициентот за утврдување на плата на јавните обвинители и вкупните заложби за подобрување на материјалните и финансиските ресурси во правосудниот систем вклучително и платите и другите надоместоци на јавните обвинители.

Цел на предложените законски измени е надградување на системот на плати на јавните обвинители, соодветни на значењето и угледот на функцијата кои тие ја вршат, тежината на работата и нивната одговорност.

На оваа своја седница Владата ги утврди и измените и дополнувањата на Законот за изменување на Законот за судска служба.

Основната цел на Предлогот на законот е постигнување на еднаквост на вработените во приватниот и јавниот сектор, судската служба како негов дел, со најниските примања преку воспоставување на ист износ на законска минимална плата и скалесто усогласување на останатите плати на судските службеници од сите нивоа, како и обезбедување на континуитет на промените на платите во судската администрација во однос на минималната плата на национално ниво, како долгорочна цел. Истовремено, во рамките на усогласувањето на Законот за судска служба со Законот за минимална плата во Република Северна Македонија, се врши и зголемување на платите на вработените во судската служба за 15%.

Владата денеска го утврди и текстот на Предлог-законот за изменување на Законот за јавно обвинителска служба кој има за цел воспоставување на ист износ на законска минимална плата и скалесто усогласување на останатите плати на јавно обвинителските службеници од сите нивоа, како и обезбедување на континуитет на промените на платите во јавно обвинителската администрација во однос на минималната плата на национално ниво, како долгорочна цел. Во рамките на усогласувањето на Законот за судска служба со Законот за минимална плата во Република Северна Македонија, се врши и зголемување на платите на вработените во судската служба за 15%.

На предлог на Министерството за правда, на денешната седница се утврдени и измените на Законот за платите на членовите на Советот на јавни обвинители на Република Македонија.

Во предложениот законски текст се менуваат коефициентите за утврдување на плата на членовите на Советот со цел надградување на системот на плати на членовите на Советот на јавните обвинители, соодветни на значењето и угледот на функцијата кои ја вршат, тежината на работата и нивната одговорност.

Сите овие измени и дополнувања на Законот за плати на јавните обвинители, на Законот за судска служба, на Законот за јавно обвинителска служба и на Законот за платите на членовите на Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија, ќе бидат доставени на усвојување во Собранието.

Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Владата денеска ја разгледа и усвои информацијата за исплата на пензии за месец мај 2022 година, и го задолжи Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.05.2022 година.

Со оваа информација Владата им препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со мајските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 30.05.2022 година.

Готовинската исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, банките ќе ги реализираат во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 30.05.2022 година (понеделник); За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 31.05.2022 година (вторник); За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.06.2022 година (среда); и За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 02.06.2022 година (четврток ).

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »