Промовирани огласи »

Владата денеска ги прифати и измените и дополнувањата на Законот за плати на јавните обвинители.

Со предложените одредби се прилагодува коефициентот за утврдување на плата на јавните обвинители и вкупните заложби за подобрување на материјалните и финансиските ресурси во правосудниот систем вклучително и платите и другите надоместоци на јавните обвинители.

Цел на предложените законски измени е надградување на системот на плати на јавните обвинители, соодветни на значењето и угледот на функцијата кои тие ја вршат, тежината на работата и нивната одговорност.

На оваа своја седница Владата ги утврди и измените и дополнувањата на Законот за изменување на Законот за судска служба.

Основната цел на Предлогот на законот е постигнување на еднаквост на вработените во приватниот и јавниот сектор, судската служба како негов дел, со најниските примања преку воспоставување на ист износ на законска минимална плата и скалесто усогласување на останатите плати на судските службеници од сите нивоа, како и обезбедување на континуитет на промените на платите во судската администрација во однос на минималната плата на национално ниво, како долгорочна цел. Истовремено, во рамките на усогласувањето на Законот за судска служба со Законот за минимална плата во Република Северна Македонија, се врши и зголемување на платите на вработените во судската служба за 15%.

Владата денеска го утврди и текстот на Предлог-законот за изменување на Законот за јавно обвинителска служба кој има за цел воспоставување на ист износ на законска минимална плата и скалесто усогласување на останатите плати на јавно обвинителските службеници од сите нивоа, како и обезбедување на континуитет на промените на платите во јавно обвинителската администрација во однос на минималната плата на национално ниво, како долгорочна цел. Во рамките на усогласувањето на Законот за судска служба со Законот за минимална плата во Република Северна Македонија, се врши и зголемување на платите на вработените во судската служба за 15%.

На предлог на Министерството за правда, на денешната седница се утврдени и измените на Законот за платите на членовите на Советот на јавни обвинители на Република Македонија.

Во предложениот законски текст се менуваат коефициентите за утврдување на плата на членовите на Советот со цел надградување на системот на плати на членовите на Советот на јавните обвинители, соодветни на значењето и угледот на функцијата кои ја вршат, тежината на работата и нивната одговорност.

Сите овие измени и дополнувања на Законот за плати на јавните обвинители, на Законот за судска служба, на Законот за јавно обвинителска служба и на Законот за платите на членовите на Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија, ќе бидат доставени на усвојување во Собранието.

Промовирани огласи »

Владата денеска ја разгледа и усвои информацијата за исплата на пензии за месец мај 2022 година, и го задолжи Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.05.2022 година.

Со оваа информација Владата им препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со мајските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 30.05.2022 година.

Готовинската исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, банките ќе ги реализираат во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 30.05.2022 година (понеделник); За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 31.05.2022 година (вторник); За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.06.2022 година (среда); и За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 02.06.2022 година (четврток ).

Промовирани огласи »

Растат платите во Србија. Просечната плата во Србија во март изнесувала околу 630 евра. 

Просечната плата (бруто) за март 2022 година била 102.781 динари (околу 875 eвра), а просечната плата без даноци и придонеси (нето) е 74.664 динари (околу 630 евра). Податоците ги објави Републичкиот завод за статистика на Србија (РСЗ). Растот на бруто и нето-платите во периодот јануари-март 2022 година, во однос на истиот период минатата година е 13,4 отсто, а реално 4,3 отсто. Просечната нето плата за март 2022 година е 55.146 динари (околу  470 евра), што значи дека 50 отсто од вработените заработиле до наведената сума, соопшти РСЗ. Македонија има просечна плата од 505 евра. Во регионот, подобри сме само од Косово. 

foto freepik.com

Промовирани огласи »

Нема продолжување на владините мерки замрзнување на маржата и ослободување од ДДВ то на основните прехранбени производи.

Од наредната недела, кога завршува важноста на мерките, се очекува и нивно поскапување. За да се ублажи ш*к од драститчното зголемување на цените кај лебот, брашното и маслото за јадење, Владата целосно го укина ДДВ од 5%., а на трговците им ја ограничи маржата на 5, односно на 10%. Сега, извори за Сител, велат дека пари ќе се чуваат за евентуални мерки од септември , за кога се очекува зголемување на цената на струјата и евентулано обезбедување енергенси и основни прехранбени суровини. Владата, со ребалансот на буџетот, за нов пакет помош за граѓаните и стопанството издвои 76 милиони евра.

Експертите неколку пати алармираа- вештачко држење на замрзнати цени, не е добра мерка., затоа што суровните поскапуваат на светскиот пазар, па после одмзранувањето на цените ќе дојде до драстично поскапувањее на производите и кај нас. Владата сетот мерки го донесе од март до крајот на мај. Но, цените продолжија да растат и покрај ограничувањата. Според статистиката, во април прозиводите на мало поскапеле за над 11%., а инфлицата достигна 10,5%.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »