За компанијата: ПРОЕКТ 42 е правен субјект со одобрена лиценца за управител, издадена од Регулаторната комисија за домување, чијашто примарна дејност е управување со заеднички делови на станбени, станбено-деловни и деловно-станбени објекти за домување.
повеќе за компанијата »Поради развојни цели на компанијата ПРОЕКТ 42 ДОО КУМАНОВО има потреба од:
МЕНАЏЕР
Цели и одговорности:
✅ Професионално и одговорно работење по Законот за трговските друштва, Законот за домување и другите законски и подзаконски акти.
✅ Имплементација и развој на ефективен и ефикасен модел на управување.
✅ Организација, координација и контрола на тимот на Проект 42.
✅ Мотивирање раст на продуктивноста на вработените.
✅ Делегирање обврски на дополнителни нивоа во фирмата.
✅ Успешно справување со конфликтни ситуации.
✅ Приоритизирање при зголемен обем на работа.
✅ Анализа на процедурите и подобрување на системот на работа.
✅ Развој на компанијата.
Квалификации:
✅ Завршено високо образование.
✅ Завршени додипломски или постдипломски студии на Економски факултет или на Правен факултет се сметаат за предност.
✅ Работно искуство од најмалку 3 години.
Лични карактеристики:
✅ Динамична личност со способност за преземање иницијативa.
✅ Висок личен интегритет и професионален деловен однос.
✅ Одлични организациски и комуникациски вештини.
✅ Прецизен, точен и аналитичен пристап во работењето.
✅ Способност за работа под притисок во кратки временски рокови.
Како компанија нудиме:
✅ Висока основна нето плата.
✅ Бонуси во зависност од видот и квалитетот на завршените задачи.
✅ Динамична работна средина.
✅ Пријатна работна атмосфера и работа со млад и мотивиран тим.
Заинтересираните кандидати може да ни ја испратат својата кратка биографија на е-пошта: [најави се за да го видиш е-маилот] . Пожелно е во кратката биографијa да бидат наведени референци и контакт податоци во врска со работното искуство.
Огласот трае 10 (десет) работни дена, сметано од денот на објавувањето на огласот. Изборот ќе се изврши во рок од 5 (пет) дена по истекот на рокот за пријавување.