МАГАЦИОНЕР

За компанијата: Продажба на рекламни материјали на големо и печатење на истите. Увозник на реномирани брендови. повеќе за компанијата »

ПОПЕ КОМПАНИ ДОО СКОПЈЕ има потреба од следната работна позиција:

 

МАГАЦИОНЕР.

 

ПЛАТА: основна плата 16.800,00 ден со можност за екстра услови за надпросечни бонуси.

 

Вашето уредно CV со задожителна напомена за која работна позиција аплицирате доставете го на
[најави се за да го видиш е-маилот]
 

Ги извршува сите работи поврзани со магацинот и робата во него. Тие работи се однесуваат на прием на роба, организација на постоечката, попис, издавање на роба и одговорност за истата согласно документацијата.

 

Одговорности на магационерот се:

  • Прием на роба, контрола на квалитетот и квантитетот, истовар од камион, проверка на истата согласно влезната документација, соодветно складирање и редење на истата
  • Правилно и уредно одржување на робата во магацинот согласно ФИФО правила
  • Комплетна организација и подготовка на роба за испорака согласно документација
  • Утовар и истовар на робата согласно нејзиниот прием и издавање
  • Правење попис на робата и одговорност за нејзиниот квантитет
  • Одржување и уредност на магацинскиот простор
  • Пакување на робата и соодветно бележење на истата
  • Користење виљушкар и палети за безбедно и ефикасно преместување и складирање на робата околу магацинот и транспортниот простор
  • Осигурување на навремен распоред за испорака и брзо известување на супервизорите доколку се случи или би се случило одлагање на испораката​
  • Споредба на залихите со периодични пописи по периодични извештаи по потреба на претпоставените

 
Квалификации и образование:

  • Завршено средно образование
  • Работно искуство како координатор на магацин или слична позиција
  • Способност за оперирање со виљушкар, во различни временски и сообраќајни услови
  • Основна компјутерска писменост

 

Потребни професионални способности:

  • Работно искуство со работа во магацин
  • Одлични организаторски способности и способности за менаџирање со времето
  • Педантност и одговорност за робата
  • Точност
  • Основно познавање за работа со компјутери, е-маил
  • Способности за известување и комуникација со претпоставените

 
Потребни персонални способности:

  • Добри меѓучовечки односи
  • Педантност, уредност, навременост
  • Ефикасни комуникациски способности
  • Трпеливост, љубезност и ентузијазам
  • Тимска работа
  • Способност за работа под притисок​

 

Локација на извршување на работната позиција: ул. Горно Лисиче бр. 210
Работни саати неделно: 40 часа. Полно работно време
Работа во смени: не
 

Доколку ги поседувате бараните предиспозиции и Вашиот профил одговара на бараните карактеристики, Ви благодариме доколку аплицирате и пројавите интерес да бидете дел од нашиот тим.
 

Вашето уредно CV со задожителна напомена за која работна позиција аплицирате доставете го на
[најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »