Личен асистент на управен одбор

За компанијата: ESC (Executive Search Consulting) е водечка македонска компанија во областа на консултантски услуги за човечки ресурси. Нашата цел е да ги обезбедиме најдобрите приспособени решенија за вашите потреби за човечки ресурси, без оглед на времето или интензитетот на потребниот напор. повеќе за компанијата »

Нашиот клиент, една од најреномираните компании во банкарскиот сектор, има потреба од квалификуван и мотивиран кандидат/ка на позицијата:

ЛИЧЕН АСИСТЕНТ НА УПРАВЕН ОДБОР  

Улога во Тимот

  • Координирање на работните активности кои вклучуваат ефикасна организација, координација, техничко-административна и стручна поддршка на интернационалниот тим на Управниот одбор.
  • Координирање на деловните контакти со внатрешната и надворешната јавност (финансиските и другите институции, државни органи, акционери, деловни партнери, правни и физички лица);
  • Интра-групациска комуникација и проследување на барањата до надлежните организациски единици и обратно;
  • Ефикасна подготовка и содржинска координација за одржување на седниците на органите на Банката;
  • Архивирање на одлуки усвоени од органите на управување на Банката; проследување (follow-up) на усвоените одлуки до предлагачите и засегнатите организациски единици;
  • Соработка и координација со стручните служби во Банката како и финансиски и други институции.

Потребни квалификации и компетенции

  • Универзитетско образование;
  • Релевантно искуство како асистент на менаџерски позиции или членови на управен одбор;
  • Одлично познавање на англиски јазик и меѓународни стандарди за деловна кореспонденција;
  • Познавање на српски јазик ќе се смета како предност;
  • Напредно владеење на стандардизирани алатки за PC;
  • Изразена способност за темелност во работeњето, одговорност, точност, аналитичност, посветеност и трпение во совладувањето на работни задачи;
  • Самоиницијативност и спремност за постојана надградба со нови знаења;
  • Способност за тимска работа и високо развиени организациски вештини.

Понуда

Можност за работа во респектабилна компанија која нуди одлични услови за работа, личен и професионален развој и конкурентен пакет на наградување.

Доколку ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете кратка биографија на англиски јазик на [најави се за да го видиш е-маилот] , најдоцна до 29.05.2022, со назнака за Личен асистент.

Сите пријави ќе бидат третирани со строга доверливост. Избраните кандидати ќе бидат контактирани за понатамошно интервју.

 

Со аплицирање за оваа работна позиција, вие сте согласни да го задржиме вашето CV и лични информации во нашата база на податоци, дозволувајќи ни да ве контактираме за некоја идна позиција која е во согласност со Вашите квалификации и интереси.

Доколку не сакате Вашето CV да биде зачувано во нашата база на кандидати, наведете го тоа во Вашата електронска порака.Нашиот клиент, една од најреномираните компании во банкарскиот сектор, има потреба од квалификуван и мотивиран кандидат/ка на позицијата:

 

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »