Техничар за управување со опасен отпад

(преземи го огласот во Word)

Техничар за управување со опасен отпад

 

Компанијата Екоценар 97 активно се занимава со рециклирање повеќе од 20 години и денес е една од водечките компании за рециклирање во регионот. Нашата дејност вклучува рециклирање на метали, електронски отпад и опасен отпад. Во моментов, имаме отворена позиција за техничко лице кое има искуство со идентификување и селектирање на опасен отпад. Искуството со опасен отпад е приоритет во однос на останатите квалификации.

 

Опис на работно место

 

  • идентификување, класификација и селектирање на опасен отпад (одредување на категорија на отпад, EWC и сл.);
  • одредување на метод за отстранување, складирање и третман на опасниот отпад;
  • теренска инспекција за проценка на отпад и земање на проби за хемиска анализа;
  • давање насоки за безбедно ракување и отстранување на опасен отпад;
  • советување на корпорации и други субјекти за следење на загадување и чистење на контаминирани локалитети и средини;
  • соработка со стручни лица од земјата и странство во врска со опасен отпад;
  • мониторинг на работата во секторот за опасен отпад;
  • подготовка на извештаи и документација за тековни и завршените проекти.

 

Професионални квалификации

 

  • завршено високо образование (инженер за животна средина, инженер за еколошка санација, хемиски инженер, технолошки инженер или друго релевантно образование);
  • претходно работно искуство со управување, селектирање и третман на опасен отпад;
  • познавање на Законот за Управување со Отпад, како и на меѓународните правилници за транспорт и пакување на опасен отпад;
  • познавање и практикување на стандардите за безбедност и здравје при работа и стандарди за заштита на животната средина;
  • одлично познавање на англискиот јазик (читање, пишување и говорење);
  • познавање на Microsoft Word и Microsoft Excel;
  • предност доколку имате познавање на Германски јазик и завршени обуки за безбедност и здравје при работа.

 

Други вештини и способности

 

  • проактивност, експедитивност и темелно завршување на работните задачи;
  • добри комуникациски и организациски способности.

 

 

Работниот однос за позицијата првично се заснова со Договор за работа на определено време од 3 (три) месеци до 1 (една) година, во зависност од искуството на кандидатот, со можност за продолжување на договорот на неопределено. Постои можност за напредување и бонус во зависност од перформансот.

 

Работните задачи ќе се извршуваат со полно работно време од 8 (осум) часа, од понеделник до петок, со работно време од 8:00 до 16 часот.

 

Предвидената основна нето-плата за позицијата може да варира и ќе зависи од работното искуство на кандидатот.

 

Доколку ги имате потребните квалификации, пратете ни CV со кратката биографија, диплома за завршено образование и копијата од дополнителни сертификати (доколку има) на следната електронска пошта [најави се за да го видиш е-маилот]  со назнака “За позиција техничар за опасен отпад”.

 

Ќе бидат исконтактирани само кандидатите кои што ќе влезат во потесна селекција.

 

Краен рок за пријавување: 1 октомври 2020

 

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »