Електро инжинер/електро техничар

За компанијата: Еуромак-Контрол е стручно оспособена и специјализирана контролна организација, основана во 1999 во Скопје како друштво за техничко испитување, контрола на квалитет и квантитет и консалтинг. Еуромак-Контрол... повеќе за компанијата »

 

ЕУРОМАК-КОНТРОЛ ДОО Скопје има потреба од вработување на електроинжинер или електротехничар за реализација на мерења од областа на работна средина и нисконапонска инсталација.

Кандидатот треба да ги исполнува следните критериуми:

- да има завршено високо образование (електротехнички факултет или електротехничко средно училиште)

-познавање на работа на компјутери

- активно управување со возило (Б - возачка дозвола).

 Пожелно е кандидатот да биде флексибилен во извршување на работните обврски, да поседува способност за организација, комуникативност, лојалност, истрајност, работа во тимска атмосфера и брзо и ефикасно завршување на зададените работни задачи.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »