ПРОДАЖЕН АСИСТЕНТ

За компанијата: Sport Vision е лидер во спортската малопродажба на Балканот. Основан е 1996. година како компанија чии основни трговски активности се: трговија, малопродажба и продажба на големо во областите на спортските... повеќе за компанијата »

Спорт Висион е водечки ланец за малопродажба на спортска опрема, облека и обувки на Балканот, со повеќе од 350 продавници во 9 земји. Како дистрибутер на најдобрите брендови во индустријата на спортска опрема и сопственик на најголема мрежа на малопродажни објекти во регионот, фокусирани сме на вредности кои се насочени на развој на креативноста, квалитетот и иновативноста, како и грижата за купувачите и нашите вработени. 

Поради отворање на нов малопродажен објект во Скопје, бараме кандидати кои би се приклучиле на нашиот тим на позиција: ПРОДАЖЕН АСИСТЕНТ – СКОПЈЕ (10 извршители)

 

Доколку сте:

  • Енергични
  • Комуникативни
  • Лојални
  • Амбициозни
  • Љубопитни

 

Услови:

  • ССС/ВСС
  • со или без работно искуство
  • англиски јазик – мин. А1 ниво
  • познавање на MS Office пакет

 

Нудиме:

  • основна плата 17.600 ден. + бонуси
  • тимска работа
  • професионален развој и напредок

 

Работни задачи:

  • Услуга на потрошувачи во продажен салон
  • Прием и изложување на роба според стандардите на компанијата
  • Организација и средување на магацински простор
  • Одржување на хигиена во малопродажен објект

 

Ги покануваме да аплицираат сите кандидати кои имаат интерес за позицијата и се препознаваат во бараниот профил. Апликацијата, со Вашето CV и Мотивационо Писмо, испратете ја на е-mail адреса  [најави се за да го видиш е-маилот]  до 20-ви јули 2019 година со назнака “Продажен асистент - СКОПЈЕ”.

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

Апликациите без назнака нема да бидат разгледани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »