Оператор на мобилна рударска опрема

За компанијата: МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ АД Прилеп светски лидер во екстракција и производство на снежно бел мермер со регистрирана трговска марка на ситно-грануларен доломитски мермер SIVEC® кој се вади од рудниците лоцирани... повеќе за компанијата »

МЕРМЕРЕН Комбинат АД Прилеп има потреба од ОПЕРАТОР НА МОБИЛНА РУДАРСКА ОПРЕМА 2 ИЗВРШИТЕЛИ

 

ПРОФИЛ НА УСПЕШЕН КАНДИДАТ:

  • Средно  образование  

ГЛАВНА  ЦЕЛ НА ПОЗИЦИЈАТА

Ракување со мобилна рударска опрема (багер, грејдер, утоварна лопата, мала утоварна лопата и сл.) и нејзина искористеност во процесот на експлоатација и преработка на мермерна минерална маса.

 

ОДГОВОРНОСТИ / ОБВРСКИ НА ПОЗИЦИЈАТА

  • Работи во експлоатација и преработка на мермерна минерална маса.
  • Врши товарање, расчистување и префрлање на јалов изминиран материјал.
  • Се придржува на пропишаните мерки  за безбедност и здравје при работа и ја користи опремата за заштита при работа со која е задолжен.
  • Се грижи за примена на пропишаните мерки за заштита на животната средина.

ЛИЧЕН ПРОФИЛ НА КАНДИДАТОТ:

  • Тимски ориентирана личност,
  • Добро организирирана, со флексибилен пристап на работите,
  • Позитивен став, лојалност, темелност и трпеливост,
  • Професионалност во работењето.

 

ШТО НУДИМЕ:

  • Одлична можност за професионален развој во динамична средина за амбициозни професионалци ориентирани кон постигнување на резултати.
  • Конкурентен пакет за наградување
  • Приватно здравствено осигурување
  • Обезбеден превоз до работно место и топол оброк
  • Спроведување на сите законски обврски предвидени во Законот за работните односи, како и други поволности
  • Основна нето плата 38.500 денари (176 работни часа)
  • Работно време во смени: 06:00 – 14:00   14:00 -22:00
  • Бенефициран стаж

 

Доколку ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете кратка биографија на македонски јазик на е-маил адреса [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака “апликација за работно место “ОПЕРАТОР НА МОБИЛНА РУДАРСКА ОПРЕМА”.

 

Компанијата изборот на соодветен кандидат ќе го изврши во законски определениот рок во зависност од бројот на пријавените кандидати. Само кандидатите кои ќе влезат во потесна селекција ќе бидат контактирани. Сите апликации ќе бидат разгледувани во строга доверливост.

 

Согласно Законот за заштита на лични податоци Вашата апликација и податоците ќе се користат исклучиво за потребите за вработување за работното место ОПЕРАТОР НА МОБИЛНА РУДАРСКА ОПРЕМА ќе бидат избришани од нашата евиденција во рок од 5 дена по склучување на договор за вработување со избраниот кандидат.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »