Слаткар/ка

За компанијата: На само неколу минути од реката и од центарот на Скопје, Хотелот вклучува базен со џакузи, ресторан и топло колаче за добредојде. Со погодна локација кадешто централниот дел од Скопје со сите познати туристички... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Double Tree by Hilton Skopje:

Хигиеничар/ка - Келнер/ка - Слаткар/ка

Во Хилтон веруваме дека угостителството не е само професија. Тоа е патување кое води до личен развој, раст и откривање на разни заедници и култури. Нашиот тим го сочинуваат извонредни професионалци кои заедно работат да овозможат исклучителни искуства за секој наш гостин.

По патот на кој поставуваме стандарди во хотелиерството, нашата визија „да го згрееме светот со топлината на гостопримството“ постојано не мотивира. Ние нудиме многу повеќе од соба за ноќевање.

Ние создаваме незаборавни искуства за нашите гости, значајни можности за нашите вработени и позитивно влијаеме во заедницата од која сме дел.

Ако сакате да се придружите на нашето големо семејство, имаме отворена позиција за Вас.
DoubleTree by Hilton Skopje врaботува:

Слаткар/ка

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Завршено средно образование
  • Претходно работно искуство во угостителски објекти како слаткар/ка
  • Креативност и умешност за декорација

ЛИЧЕН ПРОФИЛ:

  • Вредна и енергична личност
  • Самоиницијативност и посветеност на работата
  • Способност за тимска работа и работа под притисок​

Работниот процес е организиран во две смени, 40 работни часа неделно. Компанијата нуди редовни месечни примања, сите додатоци на плата, регрес за годишен одмор, загарантирани денови годишен одмор согласно закон и топол оброк за сите вработени. Сите заинтересирани кандидати може да достават CV на следната адреса  [најави се за да го видиш е-маилот] . Само оние кандидати кои ги исполнуваат наведените услови ќе бидат поканети на интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »