Работници за магацинско работење- спремачи на роба

За компанијата: ПОЧЕТОЦИ И ИСТОРИЈА КАМ доо е најголем национален хард-дисконт и трговец-лидер во малопродажбата во Македонија. КАМ ги следи принципите на хард-дисконт: висок квалитет по ниски цени. Зад успехот на КАМ... повеќе за компанијата »

Активни огласи од КАМ ДОО ИЛИНДЕН:

Соработник за одржување залихи

КАМ доо е најголем синџир на маркети во Македонија кој ги применува основните принципи на хард дисконт: Висок квалитет и постојано ниски цени. Присутни сме во три земји со повеќе од 100 продавници, а успехот на компанијата го обезбедуваат 1.200 вработени кои посветено и професионално ја извршуваат својата работа.

НОВИОТ ЛОГИСТИЧКИ ЦЕНТАР се наоѓа во населбата Илинден, на вкупна површина од 60.000 m2, и 16.000 m2 магацински простор во кој се сместени 6.800 палети во магацинот за сува стока и 2.500 палети на контролирана темепратура за замрзнати и фрижидерски производи, овошје и зеленчук и свежо месо, се извршува дневен прием на роба, спремање и достава на артиклите до сите наши маркети. Магацинот има 32 модерни рампи за утовар и истовар и располага со современа опрема за работа и најсовремени електрични вилушкари.

Со цел проширување на тимот, бараме личности кои ќе се придружат на нашиот тим на работна позиција:

РАБОТНИЦИ ЗА МАГАЦИНСКО РАБОТЕЊЕ - СПРЕМАЧИ НА РОБА

Работни задачи:

  • Спремање на роба со ПДА-уред со помош на современ систем за магацинско работење ВМС, 
  • Современа опрема за работа и најсовремени електрични вилушкари,
  • Максимално внимание и грижа за стоката во магацинот,
  • Познавање на правилата за редење на стоката на палета, 
  • Стречирање на спремната палета,

Потребни квалификации:

  • Средно образование,
  • Сигурност, флексибилност,
  • Здрава личност, силна, способна за работа во тим,
  • Најмалку 1 година работно искуство во подготовка на стока и магацинско работење, ќе се смета за предност

Ние Ви нудиме:

  • Обемно воведување во работата со обука , сертифицирање согласно перформанс за спремени пакети , брзина и грешки при спремање,
  • Навремени и сигурни примања,
  • Вработени со работно искуство од најмалку 1 година почетна загарантирана плата од 21.900 ден. во зависност од постигнатите резултати плата од 28.500 ден. плус додатоци
  • Вработени без искуство прв месец на обука плата 18.700 ден., втор месец на обука работа со ментор и плата од  21.900  ден. трет месец предвидената плата 28.500 ден. во зависност од остварните резултати и постигнатите нормативи. За време на целата обука ќе бидете обучувани од искусен персонал и надгледувани од менторот кој ќе Ви биде доделен.
  • дополнително платен секој изработен час и од законски предвидените работа во недела и платена работа во сабота
  • Минимизирање на физичката работа со користење на современа опрема за работа и најсовремени електрични вилушкари,
  • Регрес 30.000 денари
  • Обезбеден топол оброк,
  • Слободен ден за роденден,
  • Картичка со попуст за вработени,
  • Платено приватно здравствено осигурување за вработени кои работат над 2 години во Кам;
  • Платено колективно осигурување од првиот месец,
  • Ваучер за склучување на брак; пакет производи за Бадник и Велигден
  • Попуст за вработени во хотел Вилиџ во Охрид;
  • Работа во интернационална компанија,динамична работа исполнета со нови предизвици и стекнување нови искуства и вештини;

Доколку сте во потрага за нови професионални предизвици, мотивирани и подготвени за нови успеси, испратете персонална биографија (CV) на следната адреса: КАМ ДОО Персонален оддел ул. 35 бр.39, 1041 Илинден или на E-mail: personal@kam.com.mk

Апликација за работа можете да испратите и преку нашата нова интернет страница

web: www.kam.com.mk

Изборот ќе се изврши во рок од 15 или 30 дена во зависност од бројот на пристигнати апликации.

Само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе влезат во потесниот избор и ќе бидат контактирани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »